ПОВЕЌЕ

    ОСТАНАА БЕЗ ПОЛУМЕСЕЧЕН ПРОМЕТ – Маркети, увозници и аптека затворени од ДПИ, оделе со маржи до 70%

    Време зa читање: 3 минути

    Од 15 април трговците ќе мора да ги објавуваат цените на сите прозводи на нивните веб-страници. Со обврска за дневно ажурирање на промените. И, не смее да има отстапување меѓу цените истакнат на производите во продавниците и на тие од онлајн ценовниците. Контролата ќе ја спроведува Државниот пазарен инспекторат, рече директорот на ДПИ, Влатко Стојкоски, кој ги презентираше и наодите од досегашните надзори за тоа како се спроведуваат владините одлуки з

    „Не смее да има разлики во цените на веб-страницата со оние во маркетите. Законот е за заштита на потрошувачите и казните се од 500 до 10 илјади евра, зависно од големината на правниот субјект. Со објавувањето на цените на интернет не само што потрошувачите ќе бидат подобро информирани, туку и ние ќе имаме подобар преглед на целата ситуација. Планирам посебен центар за анализа, инспектори за анализа, кои ќе излезат подготвени на терен и ќе вршат мониторинг“, вели Стојкоски.

    Инаку, засега три помали маркети, тројца големи увозници на овошје и зеленчук и една аптека заработиле клуч на врата, односно нема да можат да работат 15 дена. Згора на тоа, не само што ќе останат покуси за полумесечниот промет, туку ќе мора да платат казни од 500 до 10  илјади евра, со кои се товарат одговорните лица и фирмите.

    Издадени се или во постапка е издавање решенија за забрана за вршење дејност и парична казна согласно големината на правниот субјект, информира директорот на ДПИ, кој наведе дека кај осум правни субјекти пазарните инспектори детектирале целосно непочитување на владините мерки. Или, некои од нив имале маржи и до 70 проценти.

    Теренските контроли се реализирани од 24 февруари до шести март. Извршени се 365 надзори во трговијата на мало и 64 во трговијата на големо. Констатирани се 36 неправилности. Во тие рамки, триесеттина предмети, кои опфаќаат и големи маркети, се во фаза на анализа, а издадени се прекршочни платни налози во вредност од 42.000 евра.

    „Инспекциите утврдија неправилности во работењето на осум правни субјекти, кај кои маржите достигнувале и до 70 отсто. Освен привремено затворање, овие субјекти ќе бидат санкционирани и со парични казни“, нагласува Стојкоски. Сепак, додава, сознанијата што се добиваат од контролите потврдуваат дека владините мерки генерално се почитуваат. Воедно, повторно упати апел до граѓаните, доколку наидат на неправилности, да ги пријават на бројот 191 или на веб-страницата на ДПИ. Исто така, на трговците им порача доследно да ги почитуваат законите и одлуките на Владата.

    Засилените контроли продолжуваат кај увозници, дистрибутери, производители, маркети, аптеки, бензински пумпи.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично