Согласно донесените Одлуки од Владата на Република Северна Македонија, во однос на намалување рестрикциите на движењето и на зголемување за заштитата на граѓаните, Охридска банка ги известува клиентите дека е извршена промена на работното време на експозитурите.
Од денес, редовното работно време на Банката и на сите нејзини експозитури е од 08.00 до 16.00 часот, со исклучок на двете експозитури во Охрид, кои во период на исплата на априлските пензии, ќе работат со изменето работно време од 07.00 – 16.00 часот.
Во сабота ќе започнат со работа и двете експозитури, експозитура Центар во Скопје и експозитура Охрид Централа, со работно време од 09.00 до 13.00 часот.
Дополнително, во однос на Одлуката за зголемување на заштитата на граѓаните, Охридска банка ги известува клиентите дека носењето на заштитна маска и ракавици при посета на експозитурите и Деловните згради е задолжетелно. Банката ќе ги почитува Одлуките на Владата и нема да дозволува влез во експозитурите на лица кои со себе нема да имаат заштитна опрема.