ПОВЕЌЕ

    Охридска банка со добивка над 1,1 милиони евра во 2020

    Време зa читање: 8 минути

    Билансот на состојба на Банката на крајот од 2020 година изнесува 45.302 милиони денари и споредено со крајот на 2019 година, е на повисоко ниво за 2.968 милиони денари или за 7,0 % со остварување на планот од 108%, со најголем придонес од порастот на депозитите и повлечени средства по основ кредитни линии од финансиски институции.

    Депозитите на клиентите, како најзначаен извор на средства за финансирање на активностите на Банката со учество од 67,9 % во вкупната пасива, споредено со крајот на минатата година бележат пораст од 2,8 % и реализација на планот од 96,9 %.

    Депозитите од правни лица учествуваат со 56,3 % во вкупните клиентски депозити и споредено со крајот на минатата година, бележат зголемување од 3,8 %, при што најголеми промени има кај тековните сметки кои се зголемени за 2.652 милиони денари, додека орочените депозити бележат намалување од 2.094 милиони денари.

    Депозитите од населението учествуваат со 43,7 % во вкупните клиентски депозити.

    Споредено со 2019 година, депозитите се зголемени за 1,5 %, со слична структура на промени од рочен аспект како кај правните лица односно депозитите по видување бележат пораст од 993 милиони денари додека додека орочените депозити се намалени за 602 милиони денари.

    Депозитите од банки бележат зголемување за 732 милиони денари односно 55 % споредено со крајот на минатата година резултат на краткорочно орочените депозити од матичната банка.

    Средствата од меѓународните финансиски институции со износ од 5.057 милиони денари, имаат учество во вкупните обврски од 9,5 % , во кои се застапени кредитните линии од ЕИБ, ЕБРД, Развојна банка на С.Македонија, ГГФ, ЕФСЕ, и споредено со крајот на 2019 година бележат зголемување за 25,5%. Порастот е резултат на новоповлечените средства од кредитната линија од ЕИБ.

    Акционерскиот капитал и резервите на Банката достигнаа износ од 5.273 милиони денари и бележат зголемување за 16,4 % споредено со крајот на 2019 година како резултат на реализирана приватна понуда на хартии од вредност на институционален инвеститор „ Штаермеркише Банк и Шпаркасен АД „ во вкупна продажна вредност од 615 милиони денари и на алокацијата на профитот на Банката од претходната година во нераспределена добивка и резерви, што е во согласност со планот на Банката за јакнење на капиталната основа во функција на поддршка на порастот на комерцијалните активности на Банката.

    На страната на активата, расположливите средства во најголем дел се алоцирани во комерцијални пласмани на клиенти, кои учествуваат со 67 %, потоа следуваат паричните средства и парични еквиваленти кои учествуваат со 25,3 %, пласманите во хартии од вредност со 5,2 % и другите средства со 2,5 %. Вкупните бруто-кредити на комитентите на крајот од 2020 година изнесуваат 32.513 милиони денари, од кои 55,2 % се кредити на правни лица, а 44,8 % се кредити на физички лица. На годишно ниво, вкупните кредити на комитентите се зголемени за 1,584 милиони денари или за 5,1 % и се во линија со планираниот износ за 2020 година.

    Кредитите на правни лица бележат намалување од 47,3 милиони денари резултат на предвремено ликвидирање на кредити заради зголемена ликвидност на одредени правни лица, рефинансирање од страна на други банки по поволни услови дури и за компании со повисок ризичен профил и предвремено ликвидирање на кредити на барање на Банката поради усогласување со групациски ризик барања.

    Кредитите на физичките лица бележат континуирано стабилен нагорен тренд и во 2020 година бележат зголемување за 1.445 милиони денари, при што најзначаен е придонесот на два типа кредити: потрошувачки и станбени.

    Пласманите во ликвидната актива се во согласност со ликвидносните потреби на Банката, имајки го предвид рочниот и валутниот аспект на средствата и на изворите, одржувањето на нивото на задолжителната резерва, со соодветно запазен профитабилен аспект. Паричните средства и паричните еквиваленти се зголемени во однос на минатата година за 124 милиони денари, при што во текот на годината се користат сите расположиви краткорочни инструменти за пласман, во најголем дел во расположив депозит кај НБРСМ. Пласманите во благајнички записи на крајот на 2020 година изнесуваат 573 милиони денари и бележат значајно намалување од 64 % споредено со крајот од претходната година поради промената на волуменот на аукциите на Благајничките записи од страна на НБСРМ. Вложувањата во хартии од вредност изнесуваат 2.370 милиони денари и бележат значајно зголемување од околу 1.181 милиони денари, во најголем дел од пренасочување на расположивата ликвидност, од пониско ниво на благајнички записи, поради промена на начинот на аукции и запишување, и вложување во други видови на хартии од вредност.

    Оперативната добивка на банката пред оданочување за периодот од 1.1.2020 до 31.12.2020 г. изнесува 71,3 милиони денари, бележи намалување од 73 % споредено со истиот период минатата година. На остварениот резултат големо влијание имаа отежнатите услови за работење во услови на глобална пандемија, зголемениот конкурентски притисок на пазарот во делот на активните каматни стапки и ограничените пазарни можности за соодветно компензирање во делот на пасивата што има негативно влијание на намалувањето на нето каматната маргина. Значајно влијание има и намалувањето на каматните приходи од пласмани во благајнички записи поради значително пониската каматна стапка што соодветно влијаеше на намалување на волуменот. Последиците од кризата поврзани со пандемијата имаа негативно влијание и на нето приходите од провизии и нето приходите од курсни разлики, a дополнително по основ на оперативни трошоци има ефект и од миграциските процеси.

    Нето-приходите од камати на крајот од 2020 година изнесуваат 1.084 милиони денари и во однос на истиот период минатата година се намалени за 25,3 милиони денари, или за 2,9 % со реализација на планот од 95,6 %. Реализацијата на нето каматните приходи во најголем дел е под влијание на значителниот пазарен притисок, посебно кај пласманите кај секторот компании, а со тоа и пад на активните каматни стапки за кој пазарните услови не дозволуваат истиот да биде соодветно компензиран на страната на изворите на средства, како и помалиот износ на запишани хартии од вредност согласно одлуката на Народна банка за намалување на износот кој деловните банки може да го запишат во благајнички записи како и намалената каматна стапка и на благајничките и на државните записи што влијаеше на намалување на обемот. Нето-приходот од провизии и од надоместоци, во износ од 298 милиони денари, е намален за 36,2 милиони денари или за 10,8 % во однос на истиот период минатата година со реализација на планот од 89,7 %. Приходите од провизии и надоместоци бележат намалување од 27,5 милиони денари, во најголем дел поради намалениот обем на активност, посебно во делот на работењето со правните лица и ослободувањето од дел од провизија со цел стимулирање електронски комуникации како дел од мерките за превенција на здравјето на вработените и клиентите во услови на глобална ковид 19 пандемија. Трошоците за провизии и за надоместоци бележат зголемување за 8,6 милиони денари на годишно ниво, на што поголемо влијание имаа активностите поврзани со картичното работење, односно зголемен обем на електронски трансакции и дополнителни надоместоци поврзани со интеграциските процеси како и надоместоци за регулаторни процедури поврзани со емисијата на хартии од вредност. Нето-приходот од курсни разлики изнесува 124 милиони денари и во однос на претходната година е намален за 27 милиони денари или 17,8 %, поради значајно намален обем на активности на девизниот пазар и на страна на понудата и на побарувачката поврзано со ковид 19 кризата. Другите приходи изнесуваат 44 милиони денари и во споредба со истиот период од минатата година се намалени за 86,4 милиони денари на што најзначаен е ефектот од намалувањето на остварениот приход од отстапување на претходно отпишани побарувања. Исправката на вредноста на финансиските средства на нето-основа на крајот од 2020 година изнесува 655 милиони денари и споредено со истиот период во 2019 година, бележи намалување од 30 милиони денари .

    Вкупните оперативни трошоци во периодот јануари ‒ декември изнесуваат 823,3 милиони денари и се во линија со планираниот износ , а споредено со претходната година, бележат зголемување од 47 милиони денари, во најголем поради зголемените трошоци за картично работење, ревизорски и консултански услуги поврзани со миграциските и интеграциски процеси.

    Исплатени дивиденди.

    Во согласност со Одлуката за употреба и за распределување на добивката на Охридска банка АД остварена со годишната сметка за 2019 година донесена на седницата на Собранието на Банката, одржана на 30.6.2020 година, Банката не издвојува дел за исплата на дивиденда на акционерите.

    Вложувања или продажба на материјални средства (недвижности, постројки и опрема) или значителен отпис (поголем од 30 % од вредноста на средството споредено со последните годишни ревидирани финансиски извештаи)

    Недвижностите и опремата на крајот од декември 2020 година изнесуваат 710 милиони денари и се намалени за 46,3 милиони денари или 6,1 % во однос на минатата година резултат на извршениот отпис на основни средства ( софтверско решение за електронско и мобилно банкарство, е-маил сервисните алатки, софтвер за анти-фрод решение и ИФРС 9 групациска алатка) за кои согласно со проектот на миграција се изврши целосно оутсорсирање.

    Промени во кредитните задолжувања.

    Обврските по кредитни линии на крајот од декември 2020 година изнесуваат 5.057 милиони денари, односно бележат зголемување од 1.029 милиони денари споредено со крајот на минатата година. Порастот е резултат на новоповлечените средства од програмaта за финансирање на зелена економија (GEFF) на Европската Банка за Обнова и Развој, и во најголем дел од кредитната линија на рамковниот договор за учество во програмата за кредитирање на мали и средни претпријатија и други приоритетни проекти V од Европската Инвестициона Банка (ЕИБ).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично