Од денеска започнува исплатата на ноемвриските пензии.
Деловните банки преку филијалите и експозитурите на банките ќе обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи според следниот распоред составен според висината на пензијата:
- За пензии со висина до 11.000 денари, исплата да се изврши на 26.11.2020 година (четврток);
- За пензии со висина 11.001-14.000 денари, исплата да се изврши на 27.11.2020 година (петок);
- За пензии со висина 14.001-18.000 денари, исплата да се изврши на 30.11.2020 година (понеделник), и
- За пензии со висина над 18.001 денари, исплата да се изврши на 01.12.2020 година (вторник).