Она што на прв поглед паѓа во очи кога ќе се погледаат податоците на Регулаторната комисија за енергетија е што набавната цена и на бензинот и на дизелот не е ни половина од крајната цена!
Бензинот БС-95 се набавува по цена од 31,778 денари за еден литар, а неговата малопродажна цена на бензинските пумпи е 72 денари. Од вкупната цена, за транспорт, складирање и маржа се плаќаат 6,269 денари, а останатите 33,953 денари одат во буџетот преку акциза, ДДВ, еколошка такса и износ за задолжителни резерви.
Во случајот со БС-98, набавната цена е 33,431 денар, а на бензинските пумпи ова гориво чини 74 денари. Транспортот, складирањето и маржата се 6,311 денари, а во државната каса одат 34,258 денари.
Цената на дизелот неделава останува непроменета. Според објаснувањето од Регулаторната комисија за енергетика, дизелот поевтинил на светскиот пазар, но растот на курсот на доларот го компензирал ова поевтинување и така цената останува непроменета. Набавната цена на дизелот, што се пресметува во крајната цена од 63 денари е 29,519 денари. Работењето преку склад, трговската маржа и транспортот се 6,041 денар, а остатокот од 27,44 денари се вкупните давачки кон државата од секој литар дизел.
Со новите цени 95-ката се продава за 72 денари за еден литар, а БС-98 има цена од 74 денари, цената на дизелот е непроменета и изнесува 63 денари за литар.
Целата анализа може да ја прочитете [ т у к а ]