ПОВЕЌЕ

    Од 3.881 нетрговски трансферирани акции, 2.144 се на „Македонски телеком“

    Време зa читање: 2 минути

    Трансформација на сопственоста преку нетрговски трансфери имало кај 3.881 обична акција на котирани друштва, покажуваат минатонеделните податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност, што ги објавува Македонска берза. Акциите се издадени од осум компании и две банки.

    Убедливо најтрансферирани се акциите на „Македонски телеком“. Во три наврати се пренесени 2.144 акции издадени од оваа компанија: понеделник 584, вторник 1.260 и во четврток 300 обични акции.

    На двапати низ овој процес минале акциите на Комерцијална банка. Во два последователни денови (среда и четврток) трансферирани се 20, па 541, или вкупно 561 обична акција на најголемата домашна банка.

    Ако се оди според бројноста, следат акциите на „Макстил“, па на „Алкалоид“. Минатата недела нетрговски се трансферирани 576, односно 422 обични акции.

    Всушност, најголем дел од пренесените на овој начин акции се емитувани од компании и банки кои редовно ги има во овие извештаи: 28 акции на „Уготур“, 26 на РЖ „Интер-Трансшпед“, 10 на РЖ „Техничка контрола“, 73 обични акции на „Окта“.

    Во текот на минатата работна седмица како подарок, наследство или за друга законси предвидена намена, низ нетрговски трансфер минале и 34 обични акции на Стопанска банка АД Битола и седум обични акции на тетовски „Тетекс“.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично