ПОВЕЌЕ

    Какви се очекувањата на менаџментот на Стопанска банка Скопје за периодот што следи

    Време зa читање: 2 минути

    Стопанска банка го заокружи првото годинешно тримесечје со добивка, која пред оданочување е во изнс од 776.444 илјади денари или 12,4 милиони евра. Во однос на истиот период од минатата година, има зголемување од пет проценти. Успешното работење се согледува и кај активата, која е на ниво од 1,9 милијарди евра (121.240.794 илјади денари). Се шири обемот на бизнис активностите, што е во согласност со деловната стратегија на скопската Стопанска банка.

    КАКВИ СЕ ОЧЕКУВАЊАТА НА МЕНАЏМЕНТОТ НА БАНКАТА ЗА ПРЕТСТОЈНИОТ ПЕРИОД?

    Во следниот период се очекува продолжување на деловните активности во согласност со дефинираниот деловен план на Банката со целосна ориентираност кон поддршка на клиентите, прудентно управување со ризиците и одржување на високата стабилност, сигурност и ефикасност во сите сегменти од нејзиното работење. Исто така, Банката продолжува со реализација на започнатите проекти, пред сè, во делот на дигитализацијата, како и подготовка на понуда на нови услуги. Секако, фокусот останува на редовното и ефикасно извршување на основните деловни активности, одржување на лидерското пазарно учество од околу 27 % во сегментот на кредитирање на население, со фокус за натамошно зголемување на пазарното учество во делот на кредитирање на компаниите, кое на крајот на март 2023 година достигна 16,4 %.

    Грижата за општествената заедница како и секогаш останува во зацртаната агенда на Банката, преку реализација на повеќе проекти кои станаа препознатливи во заедницата,  како и со повеќе донации – како пред пандемијата така и за време на пандемијата. При крајот на првиот квартал годинава, Банката ја реализираше и втората фаза од проектот „Зелен ѕид“ засадувајќи нови 300 високи садници дрвја во Скопје, долж Кејот на реката Вардар од Националната арена „Тоше Проески“ до мостот „Близнак“. Со проектот што ќе се одвива во период од две години, Банката има за цел да го зголеми фондот на дрвја во Градот со домашни видови липа, црвен даб, багрем, јавор, црвен јавор и прунус и со тоа да засади нов зелен појас кој, како што ќе расте низ годините, ќе ја подобрува животната средина за сите нас.

    Истовремено, покрај клиентите и пошироката заедница, Банката продолжува и понатаму со соодветна грижа и посветеност кон своите вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично