ПОВЕЌЕ

    Новиот мандат на Зоран Јовановски во НО на НЛБ банка почнува на 31 март

    Време зa читање: < 1 минутa

    Зоран Јовановски со потврда и од Народната банка повторно е именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ банка. За ова Банката ја информира јавноста со објава на Македонска берза.

    „Ве известуваме дека на ден 13.03.2024 година, од страна на Народната Банка на Република Северна Македонија е издадено Решение со кое се издава претходна согласност Г-дин Зоран Јовановски да биде ре-именуван за независен член на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје со нов мандат од 4 години, почнувајќи од 31.03.2024 година“, наведено е во информацијата од НЛБ банка.

    Одлуката Јованоски да добие уште еден мандат беше донесена на 30 ноември лани, на тогаш одржаната седница на Собранието на Банката.

    Јовановски, кој е магистер по економија, ангажиран е како советник за макроекономски прашања и јавни финансии во Кабинетот на претседателот на Стопанската комора. Задолжен е за извршување на работите на Коморскиот сенат и на Советот за напредни технологии и унапредување на квалитетот во производството и услугите.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично