ПОВЕЌЕ
    ПОВЕЌЕ

      Ново работно време на филијалите на Стопанска банка АД – Скопје

      Време зa читање: 2 минути

      Стопанска банка АД – Скопје ги информира своите клиенти дека во склад со засилените мерки за заштита од ширење на COVID – 19 во земјата како и новите термини за полициски час:

      • филијалите на Банката, ќе работат од понеделник до петок од 7:30 до 13:30 часот.
      • Филијалите на Банката НЕМА да работат во сабота.

      – влезот во филијалите продолжува да биде ограничен од страна на вработените во филијалата во групи по 2-5 лица со цел избегнување на редици внатре во филијалите. Клиентите кои чекаат за влез, од банката препорачуваат да одржуваат растојание 2м еден од друг за што ангажирани се и редарски службеници, како и употреба на заштитни маски за лице.

      – Банката продолжува со засилен режим на хигиена и одржување на просториите и банкоматите со цел поголема заштита на посетителите и вработените кои користат маски и ракавици и зачестено миење на рацете.

      Филијали кои нема да работат во претстојниот период:

      • i-bank store
      • Битпазар 
      • Карпош 4
      • Клиники
      • Тетово Нова
      • Мајка Тереза
      • Ѓорче Петров
      • Расадник
      • Веро центар
      • Ново Лисиче

      Останатите филијали кои се во функција може да ги погледнете во делот локации.

      За информации и совети достапен е 24/7 Контакт центарот на (02)3100 109 или на kontaktcentar@stb.com.mk

      Не заборавајте, алтернативните канали на Банката се достапни бесплатно 24/7 преку телефон, мобилен и компјутер и на располагање за управување со личните и деловните финансии од комфортот на вашиот дом! Искористете ги за увид, плаќања и проверка на состојбите на вашите банкарски производи. Банката има изработено детални упатства за користење на каналите кои се достапни на веб страницата.

      14,794Следи нè на facebookЛајк

      слично