Ново работно време на филијалите и експозитурите на Халкбанк:
- Експозитура Рамстор и ТАВ: затворени
- Сите останати филијали: од 08.30 до 16.30 часот.
- Retail Point Park: од 10.00 – 17.00
Доколку морате да одите во некоја од филијалите или експозитурите на Халкбанк и доколку забележите луѓе кои веќе се на шалтер, почекајте надвор од филијалата додека се направи доволно место за да дојдете на ред за опслужување.
Задолжително е носење на заштитна маска при влез во филијалата/експозитурата.
Задржете ја дистанцата која значи задржување на Вашето и здравјето на вработените.
Во интерес на здравјето на сите, Халкбанк препорачува што е можно помало движење и директен контакт во филијалите на банката, и што е можно повеќе насочување кон дигиталните канали за комуникација и за банкарски услуги.
Важни Се Луѓето, a за луѓето, најважно е здравјето!