ПОВЕЌЕ

    Како ковид создава нови милијардери на „Финтек“

    Време зa читање: 2 минути

    „Финтек“ е кратенка од зборовите „финансиска технологија“. Таа стана моќен двигател на иновациите во светот на финансиите и има потенцијал да ги трансформира финансиските услуги.

    Во 2015 година, Ник Молнар живееше со неговите родители во Сиднеј, Австралија и продаваше накит од десктоп компјутерот во неговата спална соба од детството. Продавал часовници од брендот „Сеико“ од 250 американски долари, до свршувачки прстени од 10.000 американски долари, така 25 годишниот Молнар, стана толку добар во мрежниот маркетинг што беше прогласен за врвен продавач на накит во Австралија на eBay, испраќајќи илјадници пакети на ден.

    Пет години подоцна, Молнар и Ајзен, кои имаат околу 7% од компанијата, станаа милијардери – за време на пандемија.

    Тие не се единствените чие богатство се зголемуваше во последните неколку месеци. Според анализата на Форбс, најмалку пет претприемачи од финтек технологијата, вклучително и две од Азија, се заведени во рангирањето на милијардерите од страна на пандемијата.

    Понатаму во нив се вбројува и Крис Брит, основач на дигиталната банка „Chime“ и Влад Тенев и Баију Бат, ко-извршни директори на „бесплатната“ апликација за тргување со акции „Robinhood“.

    Како и во другите сектори, рецесијата предизвикана од ковид, создаде и добитници и губитници на Финтек. На пример, „LendingClub“, кој нуди лични заеми на потрошувачи со поголем ризик, отпушти 30% од вработените.

    Но, за поголем дел од копманиите поврзани со Финтек, вирусот донесе наплив на раст, исто како за поголемиот дел на компаниите поврзани со електронска трговија како „Amazon“, „Zoom“, „Slack“ и „DocuSign“.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично