ПОВЕЌЕ

    Нови 2,5 милиони евра за МЖ – Транспорт – повторно помош наместо трансформација на потврдениот загубар

    Време зa читање: 2 минути

    Вонредна помош од речиси 2,5 милиони евра добива А.Д. Македонски железници – транспорт. Намената е за исплата на платите и за расчистување на обврските, а парите се доделуваат со одлука на Министерството за транспорт и врски.

    Средствата се обезбедуваат од буџетот на ресорното Министерство, а ќе бидат префрлени на посебна наменска сметка на железничката компанија, која постојано е во загуба.

    „Ставката разни трансфери е зголемена за 151.000.000 денари, кои ќе се користат наменски за исплата на плати и надоместоци од плата на вработените, како и плаќање обврски кон други доставувачи на Железници – транспорт АД Скопје“, стои во владината одлука донесена на 13 месецов.

    По вторпат, во кус временски перод, Владата му одобрува милионски суми на ова претпријатие за моментално надминување на проблемите. Во ноември Македонски железници ја издаде четвртата емисија 962.913 обични акции по пат на приватна понуда. Кои потоа, по цена од и,јада денари по акција ги купи единствениот акционер – Владата, за 15,7 милиони евра.

    Тој потег, според тогашното образложение, се повлече со цел да се зголеми основната главнина и за да се создадат услови за непречено функционирање на претпријатието.

    И овие пари беа вонредни, од носно надвор од првично предвидените 7,3 милиони евра.

    Состојбите во ова државно претпријатие веќе подолго време се алармантни – има големи долгови, а работењето е проследено со укинување на линии и чести протести на машиновозачите. Инаку, во претпријатието работно се ангажирани 941 лице: седуммина се во менаџерскиот тим, 191 во дирекцијата, 450 во влеча на возови, 175 во товарниот и 118 во патничкиот собраќај.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично