ПОВЕЌЕ

    Ноемврискиот промет во индустријата со индекс 95.1

    Време зa читање: 2 минути

    Индексот на прометот во индустријата во ноември лани, а во однос на истиот месец од 2022 година, изнесува 95.1.

    Според главните индустриски групи, вкупниот промет во индустријата во ноември на годишно ниво  бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,6% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,1%. Опаѓање, според податоците на Државниот завод за статистика, бележи кај капитални производи за 14,2% и кај трајни производи за широка потрошувачка – за 7,5%.

    Индексот на прометот во индустријата во ноември, споредено со октомври, е 100.9. Од јануари до ноември 2023, во однос на истиот период од 2022 година, индексот изнесува 102.2.

    Индексот на прометот во индустријата на домашниот пазар, на годишно ниво во ноември изнесува 101.6. Пораст има кај капиталните производи за 42,1%, трајни производи за широка потрошувачка за 1,9% и кај нетрајни производи за широка потрошувачка за 7%. Намалување е забележано кај интермедијарни производи, освен енергија за 8,9%.

    На месечно ниво ноември споредено со октомври 2023, овој индекс изнесува 98.2. Додека паралелата меѓу  периодите јануари – ноември 2023 и 2022 година покажува индекс 102.1.

    Индексот на прометот во индустријата на странските пазари, во ноември лани, а во однос на ноември 2022 изнесува 93.1. Раст има кај интермедијарни производи, освен енергија за 2,9% и нетрајни производи за широка потрошувачка за 7%. Опаѓање е евидентирано кај капитални производи за 15,1% и трајни производи за широка потрошувачка за 4,8%.

    Во споредба со октомври овој индекс изнесува 101.2, додека во периодот јануари – ноември 2023, во однос на периодот јануари – ноември 2022 година е 102.2.

     

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично