Во периодот од 01.01.2020 до 30.09.2020 година, НЛБ Банка АД Скопје работеше согласно усвоената Деловна политика на Банката за 2020-та година, притоа од Март 2020 прилагодувајќи го тековното работење на ново настанатата ситуација со пандемијата КОВИД-19, се со цел да се зачува високата ликвидност и солвентност, паралелно со непрекинато давање на услуги и финансиска поддршка на клиентите.
Како резултат на негативните ефекти од КОВИД-19 пандемијата македонската економија влезе во рецесија во 2020 година. Падот на БДП за првата половина на 2020 година е -6,4 % (Q2 2020: -12,7%), додека последните проекции за 2020 година се поостри од пролетните прогнози заради намалување на домашната и надворешната побарувачка и мерките за ограничување.
Нарушувањата во глобалните синџири на снабдување имаа значително влијание врз индустријата и извозно ориентираното производство, особено во вториот квартал од 2020 година по воведувањето на вонредната состојба во земјата како резултат на пандемијата КОВИД-19 и мерките преземени за здравствена заштита од страна на Владата на Република C. Македонија.
Најновите предвидувања прикажуваат пад на БДП од 4,1% според Светска банка и пад од 5,4% според Меѓународниот монетарен фонд. Министерството за финансии во своите последни макроекономски проекции предвидува пад на БДП од 4,4% за 2020 година. Јавниот долг на државата заклучно со 30.9.2020 изнесува 60,7% од БДП. Буџетскиот дефицит е проектиран на 8,4% од БДП на крајот на 2020 година. Неизвесноста за времетраењето на пандемијата и нејзините ефекти претставуваат голем ризик за опоравување на економијата, бидејќи подолг период на мерки за социјално дистанцирање ќе влијаат на приходот и потрошувачката на домаќинствата.
Во таа насока, НЛБ Банка АД Скопје, како втора системски значајна банка и трета банка по големина во Р.С.Македонија, постојано го следи развојот на кризата, влијанието на банкарските финансиски позиции и следствено проактивно ги прилагодува своите деловни операции.
Иако во фокусот на оваа година ќе биде справувањето со пандeмијата КОВИД-19, како клиентски ориентирана Банка, НЛБ Банка АД Скопје ќе продолжи да превзема мерки за заштита на своите клиенти и да ги нуди најоптималните решенија. Банката ќе
продолжи да ги следи светските технолошки трендови, и како современа и креативна банка ќе биде посветена на дигитализацијата и унапредување на банкарските процеси.
Во фокусот на Банката ќе биде и одржувањето или зголемување на пазарниот удел по различни сегменти во банкарскиот сектор на Република С.Македонија во зависност од преземениот ризик, влијанието на адекватноста на капиталот и профитабилноста. Како и досега, Банката интензивно ќе работи на развој на знаењето и вештините на човечките ресурси како главен столб на доброто работење, како и на развој на информатичкиот систем на Банката.
Прочитај и: НЛБ БАНКА АД СКОПЈЕ СО ДОБИВКА ОД 20,5 МИЛИОНИ ЕВРА ПРЕД ОДАНОЧУВАЊЕ