ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка воведува Garmin Pay модерно решение за бесконтактно плаќање, создадено за луѓе кои се секогаш во движење

    Време зa читање: 2 минути

    Од денеска во НЛБ Банка станува достапна услугата Garmin Pay, иновативно и модерно решение за бесконтактно плаќање само со паметен часовник, создадено за луѓе со активен животен стил кои се секогаш во движење. Со Garmin Pay, тие повеќе не треба да носат готовина, картички или мобилен телефон. Сега може да ги дигитализираат сите НЛБ дебитни и кредитни картички во Garmin Pay на нивниот Garmin часовник и да плаќаат брзо, лесно и сигурно, насекаде во светот, со едноставно допирање на часовникот на кој било терминал кој прифаќа бесконтактно плаќање.

     Garmin Pay претставува дигитален паричник овозможен на паметен часовник од производителот Garmin. За да ја користат услугата Garmin Pay, клиентите треба да поседуваат Garmin смарт часовник, а за да може да ја преземат апликацијата Garmin Connect, достапна на Play Store и App Store, би требало да поседуваат оперативен систем Android над 7.0 или iOS над 5.0.

    Процесот на дигитализирање на картичките е брз и едноставен. По инсталирање на апликацијата, клиентот треба да ја избере опцијата Garmin Pay за да се поврзе со паметниот часовник Garmin. Потоа со само неколку чекори: внесување на картичните податоци, креирање четири цифрен ПИН за плаќање, како и внесување на ОТП код добиен по СМС порака на телефонскиот број на корисникот, часовникот е подготвен за плаќање.

    Воведувањето на Garmin Pay е чекор повеќе кон дигитална трансформација на нашите банкарски услуги. Во светот на плаќањата кој станува сè подигитален, Garmin Pay е уште една во низата иновативни банкарски услуги кои ги нудиме, одговарајќи на потребите на нашите клиенти кои бараат повеќе флексибилност, мобилност и сигурност во нивните финансиски трансакции. – истакнуваат од НЛБ Банка.

    Garmin Pay е целосно бесплатна платформа. Корисникот нема трошоци за преземање на апликацијата, нема трошоци за додавање до 10 картички, и нема провизија при плаќање. Повеќе информации за услугата може да се добијат во експозитурите на Банката, преку контакт центарот на телефонскиот број: 02/15 600 или на ЛИНКОТ на веб страницата на Банката.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично