ПОВЕЌЕ

    НЛБ банка предупредува: Повторно лажни СМС пораки и обид за злоупотреба на лични податоци и пари

    Време зa читање: < 1 минутa

    НЛБ банка апелира до своите клиенти да внимаваат и да не наседнуваат на СМС пораките со содржина за наводни поштенски пратки. Се работи за обид со цел злоупотреба на личните податоци и а финансиските средства, предупредуваат од Банката.

    „Повторно се забележани СМС пораки поврзани со наводни поштенски пратки и линк кој води до лажна веб страница на АД ‘Македонски Пошти’.

    Доколку добиете СМС порака со ваква содржина, ве молиме не ги споделувајте податоците од вашата платежна картичка, ниту пак вашите лични податоци.

    Се работи за лажни СМС пораки преку кои се прави обид за измама, односно злоупотреба на вашите лични податоци и финансиски средства“, се вели во објавата упатена кон сите што имаат сметки во НЛБ банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично