ПОВЕЌЕ

    НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите предвреме

    Време зa читање: 2 минути

    Согласно моменталните случувања со пандемијата на Корона вирусот, со цел да излезе во пресрет на потребите на своите клиенти – пензионери, НЛБ Банка ќе ги исплати пензиите на 28 – ми декември (понеделник).

    Во насока на поголема заштита, подобра организираност и намалување на гужвите во експозитурите, од 28 – ми декември пензионерите ќе можат да ја подигнат својата пензија на банкоматите на НЛБ Банка во секое време, додека во експозитурите на НЛБ Банка пензиите ќе можат да се подигнат согласно определен редослед.

    Распоредот за подигнување на пензиите во експозитурите e во периодот од 28 – ми декември до 31 – ви декември и истиот е креиран согласно висината на пензијата и тоа:

    • На 28.12.2020 (понеделник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија до 11.000 денари
    • На 29.12.2020 (вторник) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 11.001 до 14.000 денари
    • На 30.12.2020 (среда) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија од 14.001 до 18.000 денари
    • На 31.12.2020 (четврток) ќе се исплаќаат клиенти со висина на пензија над 18.000 денари. 

    Со цел заштита на здравјетo, апелираме до клиентите – пензионери да не подигнуваат готовина и средствата првенствено да ги користат безготовински, за плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство.

    Доколку клиентите имаат потреба од готовина, препорачуваме исплатата да се изврши на банкомат, каде средствата ќе бидат достапни од 28.12 – понеделник и истите ќе може да се подигнат во секое време, независно од дефинираниот распоред.

    Ве молиме почитувајте ги превентивните мерки, носете заштитна маска, чекајте ред на обележаните места и држете растојание од 2 метри со останатите клиенти и вработените во НЛБ Банка.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично