ПОВЕЌЕ

    Николоски: Досега проверени над 640 лиценци, утврдени неправилности во градежништвото

    Време зa читање: 2 минути

    Во тек е контрола на лиценците во градежниот сектор. Од издадените повеќе од 1.100 лиценци по основ на законите за градење и за урбанистичко планирање, досега се проверени 643 лиценци. Утврдени се и неправилности, соопшти министерот за транспорт и вицепремиер, Александар Николоски.

    „Од издадените над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои се издадени, поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците“, соопшти Николоски на денешната прес-конференција.

    Изнесувајќи ги деталите, тој ја наведе бројната состојба на одземените А и Б лиценци.

    „Изразено во бројки тоа значи: на 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија; на 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија, на две правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија; на шест правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија; на три правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија; на 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија; на две правни лица одземена им е лиценца Б за ревизија на проектна документација на градби од втора категорија; на едно правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија; на 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови“, соопшти министерот за транспорт.

    Исто така, најави и законски измени кои ќе придонесат за подобрување на состојбите во процесот на лиценцирањето.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично