ПОВЕЌЕ

    Стапката на невработеност во евро-зоната се зголемува, влијанието од корона кризата продолжува

    Време зa читање: 2 минути

    Стапката на невработеност во евро-зоната повторно се зголеми, бидејќи влијанието на пандемијата  од корона вирусот продолжува да се чувствува.

    Официјалните податоци ја ставаат стапката на невработеност во евро-зоната на 7,9% за месец јули, во јуни беше регистрирана стапка на невработеност од 7,7%.

    Евро-зоната се бори со сериозна економска рецесија во екот на пандемијата на коронавирусите. Економијата на 19 членки се намали за 12,1% во вториот квартал од годината по строгите мерки на блокирање со цел да се спречи понатамошното ширеше на вирусот, според Евростат.

    Тешкото економско опкружување ги погодува и младите, со стапка на невработеност, која ги вклучува и оние на возраст под 25 години. Согласно податоците евидентиран е малк тренд на порасна на 17,3% во јули од 17,2% во месец јуни.

    Ситуацијата, исто така, влијае и на жените малку повеќе од кај мажите. Така,  стапката на невработеност кај жените се искачи на 8,3% во јули, додека кај мажите се зголеми на 7,6% во текот на истиот месец.

    Со цел обнова на економијата, Европска унија во јули се согласи да ги искористи финансиските пазари и да собере 750 милијарди евра кои ќе бидат инвестирани во програми низ целиот регион. Планот во моментов се разгледува од страна на европските законодавци, кои се очекува да дадат зелено светло пред крајот на годината. Првите средства не се планира да бидат ослободени до 2021 година.

    Во меѓувреме, владите во ЕУ треба да состават нацрт-документ во кој се наведува како ќе ги користат овие средства. Нивните програми потоа ќе треба да бидат одобрени од мнозинството од другите влади на ЕУ.

    Покрај фискалните напори ширум ЕУ и Европската централна банка купува државни обврзници што ги одржува ниските трошоци за суверено финансирање. Ова е дел од нејзината програма за итни набавки во услови на  пандемијата во висина од 1,35 трилиони евра, што треба да трае најмалку до јуни 2021 година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично