Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците: август 2020 година
Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити
🔷 Во август:
🔸 Продолжи трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити и таа се сведе на ниво од 4,73%;
🔸 Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,99%.
Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција: втор квартал 2020 година
🔷 На крајот на вториот квартал од 2020 година:
🔸 Нето надворешниот долг изнесува 2.953 милиони евра (или 27% од БДП), што претставува зголемување за 39 милиони евра. Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг (од 63%).
🔸 Бруто надворешниот долг изнесува 8.782 милиони евра (80,3% од БДП) и забележа квартален раст од 472 милиони евра;
🔸 Бруто надворешните побарувања изнесуваат 5.829 милиони евра (53,3% од БДП) и забележаа зголемување од 433 милиони евра;
🔸 Негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) изнесува 6.719 милиони евра, или 61,5% од проектираниот БДП за 2020 година и на квартална основа бележи зголемување за 25 милиони евра. Од аспект на структурата на нето МИП, 86% се однесуваат на нето-обврски по директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција е достапно тука