ПОВЕЌЕ

    Најмногу дозволи за Полошкиот, најмногу станови ќе се градат во Скопскиот Регион

    Време зa читање: 2 минути

    Зголемен е бројот на дозволите, намалена е проценетата вредност на градбите. Во септември се издадени 314 одобренија за градење, што споредено со состојбата од пред една година е повеќе за 6,1 насто. Предвидената вредност на објектите е пониска за 5,2 отсто и изнесува 7,12 милијарди или над 115,8 милиони евра.

    Најголемиот дел – 70,1 отсто од вкупниот број издадени градежни дозволи се за високоградбата. Со нив ќе се изградат 220 згради. За нискоградба се дадени 38 дозволи (12,1 %), а за реконструкција 56 (17,8 %), информираат од Државниот завод за статистика.

    По бројноста на дозволите – 98, предничи Полошкиот Регион. Најмалку, пак, одобренија, само четири, има за Североисточниот Регион.

    Регионот на Скопје е второрангиран по издадените 93 дозволи. Сепак, на просторот во и околу главниот град ќе бидат изградени најмногу станови – 332, додека во Полошкиот Регион се предвидени 150.

    Статистиката вели, со издадените дозволи, низ државата ќе се изградат 727 станови со вкупна корисна површина од  69.411 метри квадратни.

    Физичките лица со 229 и процент од 72,9 отсто се доминантни како инвеститори. Наспроти нив, 85 (27,1 %) дозволи завршиле кај деловни субјекти.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично