ПОВЕЌЕ

    НА ОДМОР СО ВАУЧЕР ОД 18.000 ДЕНАРИ – Економија со мерка од милион евра за 3.555 работници со ниски примања

    Време зa читање: 3 минути

    За одмор во домашните туристички капацитети, Министерството за економија ќе додели 3.555 ваучери во вредност од по 18 илјади денари. Наменети се за работници чии вкупни семејни месечни приходи не го надминуваат прагот од 50 илјади денари, информираше министерот Крешник Бектеши.

    Заинтересираните ќе можат да се пријават на јавен повик, кој ќе биде објавен во понеделник (12 февруари). Со програмата за поддршка на домашниот туризам за работници со ниски приходи, за оваа мерка се обезбедени 64 милиони денари (над еден милион евра).

    Ваучерите ќе можат да се користат во два определини рокови – веднаш по добивањето па се до 30 јуни, и потоа од 15 септември до први декември.

    „Потврдата за одмор на работници со ниски приходи ќе може да се искористи надвор од туристичката сезона во некој од угостителските објекти од листата на пријавени угостителски објекти за сместување, објавена на веб страницата на Министерството за економија“, посочи Бектеши.

    Во изминатите години за оваа мерка имало голем интерес, а целта е нагласи, да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор. Истовремено, и да им се помогне на туристичките центри во насока на зголемување на обемот на работа надвор од туристичката сезона.

    „Во минатото мерката даде видливи резултати. Бројот на домашни туристи во континуитет се зголемува во последните години, а бројот на ноќевања веќе и го надмина бројот на странски туристи“, рече Бектеши и посочи дека денес е краен рок за хотелите да аплицираат – преку испраќање на пријавата по пошта или со достава во архивата на ресорното Министерство.

    Освен барање, граѓаните треба да обезбедат и потврда од за висината на исплатена плата и извод од банка за последните три месеци за подносителот и на членовите на потесното семејство; потврда од АВРСМ како доказ дека членовите на потесното семејство не се вработени; за членовите од семејството кои се над 18 години и се средношколци или студенти се доставува потврда од образовната установа. Потребна е и фотокопија од лична карта и извод од матична книга за барателот и за семејството; доказ за членовите на потесното семејство – извод од матичната книга на венчаните, потврда за развод или посмртница; заверена изјава на нотар дека барателот морално, материјално и кривично одговара за внесените податоци.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично