ПОВЕЌЕ

    Минимални 0,3 проценти раст на кредитите и пад на депозитите во октомври

    Време зa читање: 4 минути

    За една година вкупните депозити се зголемени за осум, а кредитите за 5,3 проценти. Движењата се остварени под влијание на активностите од страна на граѓаните и на компаниите. Но, придонесот на домаќинствата е поизразен и во двата случаи, покажуваат податоците на Народната банка за монетарните движења во октомври.

    На месечна основа вкупните депозити се намалени за 0,3 отсто, поради потфрлањето забележано кај корпоративниот сектор. Вкупната сума од 8,26 милијарди евра ја сочинуваат 2,41 милијарда евра од корпоративниот и 5,45 милијарди евра од секторот домаќинства.

    А, пак, кредитите имаат октомвриски раст од 0,3 насто и се во износ од 7,1 милијарда евра. Делот на компаниите е 3,38 милијарди евра, а на граѓаните – 3,68 милијарди евра.

    Во десетиот месец депозити на компаниите опаднале за 1,8 проценти, за што од централната банка наведуваат дека првенствено е резултат на пониското ниво на депозитните пари. Сепак, постигнат е годишен раст од 14,1 насто. Тука најголем е придонесот на повисоките краткорочните девизни депозити.

    Кредитите одобрени во овој сектор имаат минимален месечен раст од 0,1 насто, додека на годишна основа тој процент е 4,1. Притоа, тоа целосно е ефект од зголеменото кредитирање во денари.

    Депозитите, пак, на граѓаните во октомври се повисоки за 0,3 насто, поради определбата да се орочат парите – и денари и девизи – на долги рокови. Истото влијание, заедно со зголемениот обем на депозтни пари, е присутно и кај годишниот раст од 6,8 проценти.

    Од аспект на задолжувањето, кредитите на домаќинствата имаат месечен раст од 0,5 насто. Поголемиот дел од кредитите се денарски. Но, на годишно ниво, врз зголемувањето од 6,3 проценти поголемо е учеството на девизните кредити.

    Според намената на кредитите, во октомври кај најзастапените категории ‒ потрошувачките и станбените е забележан месечен раст од 0,3 и 0,8 насто, а годишниот е за 5,9 и 10,4 проценти. Автомобилските кредити се зголемени за 0,8 на месечна и 13,2 проценти на годишна основа. Задолжувањето одобрено врз база на кредитни картички е со пад од 0,4 и 3,4 отсто на месечно, односно годишно ниво. Во октомври, кај негативните салда на тековните сметки е евидентирано месечно и годишно зголемување од 0,4 и 8,5 насто, додека кредитите одобрени врз други основи се намалени за 1,2 и 17,4 отсто.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично