ПОВЕЌЕ

    Започнуваат преговори за милионскиот бизнис на Еуростандард банка

    Време зa читање: < 1 минутa

    Банките во поход да го наследат милионскиот бизнис на „Еуростандард банка“?

    Македонска пошта доби согласност од владата за отпочнување  постапка на преговори за да склучи нов Договор за деловна соработка со деловна банка на територија на земјата преку која ќе ги врши услугите на платниот промет.

    Пропаднатата Еуростандард банка која имаше ексклузивен 15-годишен договор со АД Пошта имаше на управување околу 300 шалтери ширум земјава, за вршење на платен промет.

    Со престанокот на работа на Еуростандард банка поштата ја изгуби можноста да исплаќа пензии, социјална помош, но и да врши платен промет, поради што се соочува со големи загуби.

    Директорот на пошта, Ејуп Ристеми, уште утре ќе свика управен одбор на кој ќе се дефинираат критериумите за избор и ќе се повикаат сите банки да достават понуди.

    За искусните банкари ова е одлична прилика. Тие гледаат можност да нудат финансиски производи на шалтерите на пошта ширум земјава.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично