ПОВЕЌЕ

    Мицкоски: Прво ќе се намали данокот на добивка, од сегашните 10 на пет проценти

    Време зa читање: 2 минути

    Данокот на добивка ќе биде првиот што ќе биде намален кога Владата ќе пристапи кон реализација на проектот ниски даноци, најавен во предизборната програма, но претходно треба да се видата годинешните буџетски бриходи, рече премиерот Христијан Мицкоски на средбата со претставници на Стопанска комора на Северозападна Македонија.

    „Апсолутно, во периодот кој што следи ќе ја анализираме и таа појава, ние кажавме и тоа е дел од нашата програма дека ќе се стремиме кон намалување на даноците, но да го видиме приходот оваа година каков ќе биде во Буџетот“, вели премиерот.

    Како што информираат од владината прес-служба, тој најавил дека ќе се почне од данокот на добивка, која ги засега мултинационалните компании.

    „Прв чекор кон намалување на даноците ќе биде оној данок на добивка којшто се плаќа сега и сите мултинационални компании кои што планирааат својата добивка да ја консолидираат овде кај нас, а таа добивка изнесува 50 милиони евра. Плус, ќе добијат, би рекол, субвенција и начинот на пресметка на таа добивка ќе биде до пет проценти. Досега беше до 10 проценти фиксна, во овој случај ќе биде до пет проценти“, истакна Мицкоски.

    Воедно, апелира до македонските компании кои соработуваат со светски мултинационални компании – да инвестираат во државата.

    „Ги повикувам сите македонски компании коишто соработуваат со светски мултинационални компании да ги повикаат во Македонија и веднаш откако ова ќе биде изгласано да може да го консолидираат бизнисот и тука. Тоа ќе значи и повеќе ликвидност за македонската економија и повеќе пари по основ на данокот на добивка во Буџетот“, смета Мицкоски.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично