Движењата на цените на горивата се следат во реално време и во следниот период е можно дополнително намалување, во зависност од состојбите на светските берзи, изјави премиерот Христијан Мицкоски.
„Очекувам, од она што го следам на берзите, дека најмалку ќе останат тие цени, а можно е дополнително намалување во следната недела“, рече Мицкоски, посочувајќи дека цените на нафтата на светските берзи моментално се движат околу 90–91 долар за барел, а трендот укажува на можност за ново намалување. „Очекувам дури и да имаме повторно намалување следниот понеделник“.
Во однос на фискалните мерки, Мицкоски нагласи дека Владата ќе продолжи со намалена стапка на ДДВ од 10 наместо 18 проценти, во рамки на продолжената кризна состојба.
„Што се однесува до кризната состојба, на вчерашната владина седница се донесе одлука, таа да се продолжи уште одреден период. Ќе имаме дополнителна седница на којашто ќе донесеме мерка за сѐ уште да го држиме нивото на данокот на додадена вредност на 10 проценти наместо на 18 проценти. Во зависност од цените на берзите, така ќе бидат и акцизите, нели има таму согласно закон колкави треба да бидат тие попусти“, вели Мицкоски.
Аналитика








