ПОВЕЌЕ

    МФ: ММФ го објави извештајот од Мисијата за член IV и ПЛЛ – Економијата зајакнува, инфлацијата се намалува, се остваруваат фискалните цели

    Време зa читање: 3 минути

    Зајакнување на растот во 2024 година, поттикнат од планираните јавни инвестиции особено почетокот на изградбата на автопатските делници од Коридорите 8 и 10д. Постепено намалување на инфлацијата. Остварени фискални цели. Јавен долг со изгледи да остане на одржливо ниво и согласно фискалните правила од усвоениот Закон за буџети, и навремено сервисирање на обврските навремено. Буџетски дефицит реализиран пониско од планираното. Ова стои во заклучокот на извештајот на Меѓународниот монетарен фонд за член IV и првиот преглед за Линијата за претпазливост и ликвидност, што го објави ММФ.

    ММФ наведува дека во Буџетот за 2024 година, усвоен во Собранието, буџетскиот дефицит е проектиран на пониско ниво (3,4% од БДП) и препорачува да се продолжи со фискалната консолидација и доближување на нивото на дефицит со утврденото фискално правило од Законот за буџети на 3% од БДП. Планираните расходи во Буџетот се на сметка на капиталните инвестиции и го поздравуваат зголемувањето на планираните капитални расходи  во Буџетот и сметаат дека таквото темпо треба да продолжи во иднина.  Исто така, според ММФ важно е создавање бафери за можност да се реагира на ризиците и да се обезбеди таргетирана поддршка за справување со енергетската криза на ранливите категории граѓани.  Расходите за плати да се движат во рамки на договореното со Општиот колективен договор, а клучно ќе биде и претпазливоста во трошењата во изборниот период.

    ММФ очекува забрзување на економската активност во 2024 година  проектирана на 2,3% и 3% во следната година.  Клучни двигатели ќе бидат домашната потрошувачка и реализацијата на јавните инвестициите.  Клучни за обезбедување силен, одржлив раст, кој ќе ја поддржи земјата на нејзиниот евроинтеграциски процес, се реформите насочени кон зајакнување на инвестициите, продуктивноста, зелената транзиција како и намалување на емиграцијата. Тоа ќе се постигне преку подобрување на деловното опкружување и владеење на правото, намалување на неформалната економија.

    Според ММФ ризиците главно се поврзани и произлегуваат од геополитичките тензии,  нестабилноста на цените на суровините, како и претстојните изборни активности.

    Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), се спроведе во период од 31 октомври до 1 ноември 2023 година во рамки на кој се направи првиот преглед во рамки на Линијата за претпазливост и ликвидност и консултациите во однос на членот IV за 2023 година. Врз основа на заклучоците од оваа Мисија беше одобрен пристап до втората транша од Линијата за претпазливост и ликвидност во износ од 200 милиони евра, што беше потврдено и од Бордот на директори на ММФ. Консултации по членот IV се редовни и се спроведуваат на период од една година.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично