ПОВЕЌЕ

    Месечната стапка 0,9%, годишната 4% – животните трошоци во март стимулативни за инфлацијата

    Време зa читање: 2 минути

    Четири проценти е годишната инфлација измерена во март, а месечната стапка во однос на февруари е 0,9 проценти.

    „Индексот на трошоците на животот во март 2024 година, во однос на март 2023 година, бележи зголемување од 4.0%, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.8%“, се вели во соопштението на Државниот завод за статистика.

    Исто така, се посочува дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во март, споредено со месецот пред тоа, изнесува 0,9%.

    Статистичките податоци покажуваат дека месечното зголемување произлегува од растот на животните трошоци во групите – транспорт за 3,1%, храна и безалкохолни пијалаци за 1,3%, разновидни стоки и услуги за 0,6%, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,5%, облека и обувки за 0,2%, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици, домување, вода, електрика, гас и други горива, здравје и комуникации за 0,1%.

    Месечно намалување, пак, единствено е забележано во групата мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,1%.

    Промени нема кај трошоците на животот во образованието, кои се на истото ниво како и во февруари.

    Индексот на цените на мало во март, а во однос на февруари е 101.0, покажуваат податоците на ДЗС.

     

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично