Години наназад, финансиските извештаи од целиот свет укажуваат на зголемениот јаз меѓу богатите и сиромашните и какви последици доведува до општеството.
Додека целиот свет е насочен кон човечките жртви на пандемијата и процесот на развој на вакцините, економските експерти ширум светот изразуваат голема загриженост за, засега, непредвидливите економски последици предизвикани од нарушување на многу деловни сектори и затворање на цели континенти.
Сето ова не важи за најбогатите. Нивната цел е сè уште иста – безрезервна трка за најуспешни меѓу нив. Со оваа мерка, апсолутен победник во 2020 година е сопственикот на Тесла – Илон Маск.
Тој успеа најдобро од сè да ја сврти новата ситуација околу коронавирусот и да го зголеми своето богатство во 2020 година за повеќе од 100 милијарди долари, што го става на второто место на листата на најбогати во светот
На прво место е сопственикот на компанијата Амазон, Џеф Безос, а на третото најпознатиот член на листата Бил Гејтс.