ПОВЕЌЕ

    Макошпед ги дуплира приходите во корона услови

    Време зa читање: 2 минути

    Фантастични резултатити на малата шпедиција која во корона услови ги дипулираше приходите во споредба со истиот период лани.

    „Макошпед“ за девет месеци годинава има приходи од продажба на услуги кои изнесуваат речиси 1,5 милиони евра. Тоа е за 91 отсто подобар резултат од лани.

    Во структурата на приходите од продажба позначајно место имаа домашната продажба со 1,2 милиони евра и тука има се книжи раст од 58 отсто во споредба со истиот период лани

    Одлична е веста за акцинионерите во Макошпед АД Скопје е  дека од продажба на услуги на странските пазари се за 46 пати поголеми споредбено со истиот период лани. Лани, до крајот на септември изнесувале 5.640 евра, а годинава се поголеми од 261.000 евра.

    Оперативните расходи на друштвото се зголемени за 40,788 милиони денари или 91 отсто во споредба со лани. Тие изнесуваат приближно 1,4 милиони евра.

    Од билансот на успех може да се забележи дека изненадувачки висок е растот на трошоците за набавка на трговски стоки на оваа компанија. Имено, тој трошок за првите девет месеци е 1,06 милиони евра, а лани бил над 202.500 евра. Тоа е зголемување за 5 пати во споредба со лани.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично