ПОВЕЌЕ

    “МАКЕДОНИЈАТУРИСТ” ОД ГРБНО СЕГА ПЛИВА КРАУЛ: Како прокнижи профит од 9,4 милиони денари?

    Време зa читање: 4 минути

    “Македонијатурист” АД Скопје во првите девет месеци од 2021 година од пружените хотелски и ресторански услуги како основна дејност како и од други споредни дејности оствари позитивен финансиски резултат односно добивка од 9,43 мил. денари.

    • Вкупните приходи за деветте месеци од 2021 год. изнесуваат 117,53 мил. денари и се зголемени за 14% додека пак приходите од продажба на Друштвото се зголемени за 25% во однос на истиот период минатата 2020 година.
    • Вкупните трошоци и расходи од работењето за деветте месеци од 2021 год. изнесуваат 108,10 мил. денари и се намалени за 14% во однос на 2020 година.

    И покрај тоа што Друштвото работи во услови на глобалната пандемија на вирусот Ковид19, оперативната загуба за деветте месеци од 2021година според билансот на успех е намалена за 30,75 мил.денари споредено со истиот период минатата година, додека пак за првите девет месеци од 2021 година e остварен позитивен финансиски резултат, односно добивка од редовно работење, споредено со истиот период минатата година кога беше остварен негативен финансиски резултат.

    • Финансиски показатели како што се степенот на финансиска сигурност, степенот на самофинансирање и општата ликвидност на Друштвото се на доста високо ниво и покрај тоа што во првите девет месеци Друштвото работеше во услови на прогласена глобалната пандемија на вирусот Ковид-19.
    • Сметководствени политики и методи на вреднување

    Во период од 01.01-30.09.2021 година нема промени во сметководствените политики и методи на вреднување на позициите во ревидираните финансиските извештаи на Македонијатурист АД – Скопје.

    • Дивиденда

    Поради остварениот негативен финансиски резултат за 2020 година, на годишна седница на Собранието на акционери одржана на 19.05.2021 година, не беше предложена Одлука за исплата на дивиденда.

    • Обврски по кредити

    “Македонијатурист” АД Скопје на 24.02.2021 година склучи Договор за бизнис кредит во износ од 700.000 евра во денарска потиввредност преку “Прокредит Банка” АД Скопје од кредитната линија на Прогрмата за поддршка на конкурентноста на малите и средни претпријатија на Европска банка за обнова и развој (ЕБОР).

    • Инвестиции

    “Македонијатурист“ АД Скопје во текот на деветте месеци од 2021 изврши нови вложувања во износ од 79.709.715 денари од кои во најголем дел се однесуваат на веќе започнатата инвестициска активност за комплетно реновирање и санација на Хотелот Холидеј Ин, додека пак останатите вложувања се однесуваат на инвестициски активности во Бест Вестерн Хотел “Турист”, Хотел “Карпош” и Хотел “Белви”. И покрај тоа што Друштвото работи во услови на прогласена глобална пандемија на вирусот Ковид-19, своите инвестициски активности во континуитет ги насочува кон реновирање и модернизација на постојните хотелски и ресторански капацитети, кон подобрување на условите за работа, почитување на протоколите за заштита на здравјето, спроведување на новите законски регулативи и задолжително спроведување на нови стандарди за брендираните хотели и тековно одржување. Во извештајниот период Друштвото нема продажба и отпис на постројки и опрема.

    • Вложувања во краткорочни хартии од вредност –удели во отворени инвестициски фондови во земјата

    “Македонијатурист“ АД Скопје во текот на првите девет месеци од 2021 година нема извршено вложувања во краткорочни хартии од врeдност – удели во отворени инвестициски фондови.

    • Вложувања во хартии од вредност расположиви за продажба

    “Македонијатурист“ АД Скопје во извештајниот период изврши вложување во износ од 184.500.000 денари во хартии од вредност расположиви за продажба.

    • Планирани активности

    Планираните активности на “Македонијатурист“ АД Скопје за 2021 год. се во согласност со сите законски регулативи, како и со стратегијата за развој на Друштвото. Главната инвестициска активност на Друштвото се однесува на целокупното реновирање на Хотелот Холидеј Ин и се очекува да биде комплетно завршена до крајот на 2021година. По завршувањето на инвестицијата Хотелот Холидеј Ин ќе ги задоволува најстрогите светски стандарди во хотелиерството.

    Исто така до крајот на 2021година се очекува да бидат целосно завршени и инвестициските активности кои се во тек во Бест Вестерн Хотел “Турист”, Хотел “Карпош” и Хотел “Белви”.

    Имајќи во предвид дека Друштвото работи во услови на глобална пандемија на вирусот Ковид-19, главните активности на Друштвото во наредниот период покрај завршување на веќе започнатите инвестициски активности ќе бидат и активностите насочени кон што е можно поефикасно користење на ресурсите со кои располага, почитување на здравствените протоколи за заштита на здравјето на гостите и вработените, намалување на трошоците, се со цел да се намали негативното влијание на глобалната пандемија и да се подоби финансискиот резултат во наредниот период.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично