ПОВЕЌЕ

    Маја Камбовска во New Biz: Рош ја користи вештачката интелигенција врз 11 принципи, првенствено врз етичкиот

    Време зa читање: 3 минути

    Како да се заштитат правата од интелектуална сопственост во време на подем на дигиталните технологии? Како да се обезбед оригиналноста на иновациите? Што заначи примената на етичкиот принцип во користењето на вештачката интелигенција – се прашањата опфатени во поткастот New Biz со Наташа Велковска, која во првата епизода разговара со д-р Ана Пепељугоска, експерт во доменот на заштита на правата од интелектуална сопственост, а видео гостување има д-р Маја Камбовска од Рош Македонија.

    Заштитата на правата од интелектуална сопственост е суштинска за медицинските иновации. Потребна е за да се одговори на здравствените предизвици со кои се соочуваме денес. Силните системи за заштита на интелектуалната сопственост го поддржуваат развојот на новата дијагностика и нови лекови за рак, за мултипла склероза, за многу други болести, но исто така го стимулираат економскиот раст и иновациите во општеството. Дигиталните технологии се тесно поврзани со иновациите, новите технологии овозможуваат нови иновации, а правата од интелектуална сопственост ги штитат тие иновации како нови пронајдоци, вели Камбовска.

    „Генеративната вештачка интелигенција во Рош се користи на повеќе начини. Во откривање и развој на нови лекови преку анализа на огромни количини научна литература, податоци од клинички испитувања и молекуларни бази на податоци. На пример, научниците на Рош користат вештачка интелигенција за да откријат нови антибиотици, така што ја испитуваат хемиската структура на милијарди потенцијални антибиотици за да утврдат кои од нив имаат потенцијал. Исто така, како една од многуте соработки со други партнери на ова поле, компанијата соработува со Нвидиа за оптимизација на нашите сопствени развиени модели, со цел да се скрати временски процесот на откривање и развој на лекови“, појаснува Камбовска.

    Исто така, додава дека вештачката интелигенција се користи и при дизајн на клинички испитувања и регрутирање на пациенти, преку анализа на електронски здравствени досиеја и други податоци за пациентите. Преку идентификување соодветни кандидати и предвидување на исходите од испитувањата, со што се подобрува ефикасноста и стапката на успех на клиничкото испитување.

    „И уште еден пример за примена – во анализата на податоци од реалниот свет. Вештачката интелигенција ги анализира податоците од различни извори, вклучително и електронски здравствени досиеја и уреди кои пациентите го носат, како што се паметни часовници или апликации на нивните мобилни телефони, за да се извлечат податоци кои потоа се користат во клиничката пракса од страна на лекарите и во развојот на нови производи“.

    Камбовска нагласува дека Рош усвоил документ наречен „Рамка за етички принципи за вештачка интелигенција“ (AI ethics principles framework), во кој е опишан пристапот на компанијата кон ова прашање. Содржи 11 клучни принципи.

    „Земајќи ја етичката употреба како еден клучен принцип, вештачката интелигенција треба да се користи за подобрено здравје и благосостојба, за подобрено разбирање на болестите, или за оптимизирање на здравствената заштита. На пример, Рош помага да се развие медицински софтвер користејќи вештачка интелигенција, со цел брзо и прецизно да се идентификуваат луѓето со зголемен ризик од развој на рак на белите дробови. Приватноста е друг клучен принцип од тие 11 принципи. Во Рош, покрај тоа што се обезбедува законитост, секогаш кога се користат лични податоци за создавање системи со вештачка интелигенција, ја штитиме приватноста преку употреба на техники за анонимизациија, псевдонимизација и шифрирање, како и синтетички збирки на податоци. Ова го намалува ризикот од лична идентификација кога се создаваат модели со вештачка интелигенција“, истакнува д-р Маја Камбовска од Рош Македонија.

    Целата епизода и слични на оваа се достапни на  New Biz Podcast

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА НЕ МОЖЕ ДА БИДЕ НИ ПРОНАОЃАЧ НИ АВТОР НА ДЕЛО – д-р Ана Пепељугоска во New Biz

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично