Согласно надлежностите, Регулаторната комисија за енергетика според утврдениот со закон начин ги пресметува цените на горивата секоја недела, па така според нивната најнова одлука тие од денеска се зголемуваат во просек за 1,48%, што преведено во денари значи дека бензинот и дизелот поскапуваат за 1 денар за литар, екстра лесното масло за домаќинствата за половина денар.
Така од денеска цената на литар еуросупер БС-95 ќе изнесува 72,00, на еуросупер БС-98 74, а на литар еуродизел БС Д-Е V 63,50 денари.
До ова е дојдено заради зголемувањето на референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период, и тоа кај бензинот во просек за 3,506% и кај дизелот за 3,108%, како и понискиот курс на доларот за 0,724%.