ПОВЕЌЕ

    „Лидл“: Прв супермаркет и во Македонија

    Време зa читање: < 1 минутa

    Познатиот германски трговски синџир „Лидл“ по кој македонските потрошувачи “лудуваат“ го отвара својот прв маркет во Македонија.

    Германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл“

    Според ЕСМ, германската компанија минатиот месец регистрирала своја подружница во земјава под името „Лидл Северна Македонија“, која ќе биде под надлежност на бугарскиот огранок на „Лидл“ и со неа ќе раководат Милена Драгијска, Бисер Инчовски и Љубомир Хрсев.

    Предвидено е „Лидл“ на стартот да инвестира 500 000 евра во земјава.

    Според порталот, интересот на „Лидл“ за отворање супермаркет во земјава следува откако неговата продавница отворена во јануари во Врање привлече голем број купувачи од Северна Македонија, но и од Косово.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично