Лабораторијата БИОТЕК го бележи најголемиот процентуален пораст на приходите во 2020 година од неверојатни 435%. Податоците за ова лабораторија покажуваат дека Биотек во 2018 година имала вкупни приходи од околу 360 илјади евра. Наредната година 2019-та бруто приходите пораснале на 525 илјади евра. Додека минатата година 2020 во екот на пандемијата тие пораснале на дури 2,8 милиони евра.
Паралелно со порастот на приходи, остварен е и пораст кај добивките на компанијата и тоа во многу поголема пропорција од периодот пред Ковид-19.
Ни помалку, ни повеќе туку фантастични 7.622 проценти е порастот на добивката на лабораторијата БИОТЕК.
Бројките говораат Биотек според расположивите податоци во 2019 година имал чиста добивка од 20.458 евра. Минатата 2020 година добивката на ова лабораторија скокнала на 1.579 927 евра.
Прочитај ја и анализата
ЕКСКЛУЗИВНО:Корона профит до плафон за лабораториите-Колку заработија Авицена, Биотек, Синлаб?