ПОВЕЌЕ

    Избегнете ги шалтерите со дигиталните услуги на Комерцијална банка

    Време зa читање: 2 минути

    Потребата од посета на шалтерите на Комерцијална банка АД Скопје станува сѐ помала бидејќи дигиталните услуги и производи на Банката стануваат сѐ подостапни. Со континуирани инвестиции во современите банкарски технологии Комерцијална банка го прави побрзо и полесно извршувањето на финансиските трансакции, а ви овозможува и поголема заштита на вашето здравје во услови на панедмија од вирусот Covid-19.

    Можноста за уплата на готовина на банкомат веќе е достапна на 27 банкомати на Банката, распоредени низ целата држава. Сите физички лица, корисници на кредитни и дебитни картички, како и сите правни лица корисници на дебитни картички издадени од Комерцијална банка, може да вршат уплата на книжни и полимерни банкноти во апоени од 10, 50, 100, 200, 500, 1.000 и 2.000 денари. Улатените средства се евидентираат на сметката поврзана со картичката со која се прави трансакцијата, односно на основната трансакциска сметка на правното лице-имател на картичката.

    Секако на овие банкомати може и да подигате готовина, за што ви стои на располагање и мрежата од вкупно 169 банкомати низ државава, од кои 30 веќе се со екран на допир.

    Не морате да одите на шалтер дури ни за плаќање на сметки за јавни услуги (А1, ЕВН, БЕГ, Телеком и Телекабел), печатење извод од трансакциска сметка на физичко лице, замена на евра во денари. Тоа може да го извршите едноставно и брзо преку дигиталните киосци на Комерцијална банка лоцирани во Дигиталната експозитура на ул. Македонија и во реновираната експозитура Бисер во Скопје.

    Комплетната листа на банкомати на Комерцијална банка со информации за функциите што ги нудат е достапна на следниот ЛИНК.

    Уживајте во погодностите што ви ги нуди Комерцијална банка АД Скопје и бидете одговорни и кон вашите финансии и кон вашето здравје во исто време.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично