ПОВЕЌЕ

    Компјутерските напади најголема закана за бизнисите и институциите

    Време зa читање: 3 минути

    Брзата транзиција кон телекомуникациите отвори нови канали за навлегување на компјутерските или популарно „сајбер“ криминалците. Тие се насочуваат кон вработените кои во моментов работат од далечина, поточно надвор од своите работни места, со што им го загрозуваат пристап до ресурсите на компанијата.

    Додека светот се бори со влијанието и последиците од пандемијата, сајбер-криминалците се мобилизираат. Искористувајќи ја пандемија, сајбер-криминалците лансираат нови напади, користејќи тактики кои се движат од фишинг кампањи, создавање на малициозни домени, до таргетирани кампањи, како и штетен или малициозен софтвер.

    Од февруари, кога пандемијата стана глобална, X-Force на IBM забележа експоненцијален раст на спам-пораките поврзани со вирусот корона.

    Сајбер-криминалците ја користат пандемијата како движечка сила за своите бизниси, а веројатноста дека доменот поврзан со ковид-19 е злонамерен е 50% поголем отколку за другите домени регистрирани во истиот временски период.

    Глобалната криза од пандемијата, на виделина го изнесе високиот степен на неподготвеност на организациите успешно да се соочат со нови безбедносни предизвици. Согласно одредени истражувања на светско ниво, дури 76% од организациите немаат план за одговор на вакви инциденти. Дури и оние организации, за кои се сметаше дека безбедносно се подготвени пред кризата, немаат одговор на некои од предизвиците од пандемијата.

    Со оглед на новите случувања, многу е важно секоја организација да го преиспита нивото на сопствената еластичност кога станува збор за сајбер-безбедноста. Соочени со последиците од слабоста на системот за безбедност на информации, приоритетот за нивна безбедност и дискусија околу истото е зголемен за 30% во однос на периодот пред ковид-19.

    Како резултат на пандемијата луѓето ширум светот се собираат околу платформите за да ја зајакнат продуктивноста и соработката заснована на клауд технологијата, а злонамерните актери ја користат ситуацијата со „хакирање“ и нарушување на состаноците што се одвиваат преку преносот во живо.

    Улогата и важноста на менаџерите во секторот за безбедност на информации се зголемува, со зголемувањето на ризикот од компјутерски напади врз поединци и компании. Исто така, сајбер нападите стануваат се почести и пософистицирани – се проценува дека глобалната цена предизвикана од овој вид на напад е 600 милијарди американски долари, а ваквите напади претставуваат најголема закана за бизниите.

    Прашањето за секоја организација, без оглед на дејноста, веќе не е дали ќе се случи нападот, туку кога ќе се случи. Во таа насока исклучително важно е организациите да преземат стратешки пристап кон развој на деловна стратегија за одбрана. Стратегијата мора да биде проактивна и да ја покрие целата организација – инфраструктура, ИТ платформи, вработени – доколку компаниите сакаат да работат безбедно, да создадат иновации и додадена вредност, како и да ги заштитат своите вработени.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично