ПОВЕЌЕ

    Компанија од УСА го купи српскиот Нордеус за 378 милиони долари

    Време зa читање: 2 минути

    Српскиот Нордеус беше продаден на американската компанија Take-Two Interactive Software , Inc., а крајната цена може да достигне 378 милиони долари.

    Според „Take-Two Interactive Software“, компанијата ќе плати 225 милиони долари однапред во готово и акции во вредност од 90 милиони долари, но крајната цена може да достигне 378 милиони долари.

    Основачкиот тим на Нордеус ќе добие компензација за акциите и ќе продолжи да ја води компанијата.

    Дел од готовината ќе се финансира од Take-Two готовина.

    Нордеус, која е основана во 2010 година, е компанија за развој на игри за социјални мрежи и мобилни телефони, со седиште во Белград и канцеларии во Лондон, Даблин, Сан Франциско и Скопје.

    Неа ја водат  основачите Бранко Милутиновиќ, Милан Јововиќ, Иван Стоисавлевиќ и Томислав Михајловиќ.

    „По десет години, зазедовме водечка позиција во игрите за фудбал на телефон и се чувствуваме подготвени за следниот чекор. Се чини дека следниот чекор ќе биде подобар на секој начин доколку го земеме за партнер Take-Two Interactive Software “, изјави Милутиновиќ.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично