Во 2022 година Комората на извршители (КИРСМ) имала 121 претставка за работењето на нејзините членови извршители. Од овие поплаки, само една завршила како дисциплинска постапка иницирана од Комората, додека останатите шест дисциплински биле иницирани по службена должност поради извршен надзор од Министерството за правда. Од сите дисциплински постапки, раководството на КИРСМ решило парично да казни само еден извршител и тоа со симболична сума од 300 евра. За жал, овој податок не го најдовме во годишниот извештај на Комората за 2022 година, кој иако е изгласан на Управниот одбор во февруари годинава, се уште не е објавен на нивната интернет страница.
Минатата година била добра за дел од извршителите, но има и малку понеуспешни. Иако во 2021 година имаше извршители кои имаа загуба, тоа не се случи и во 2022.
Име на извршител | Остварена нето добивка за 2022 |
---|---|
Благоја Бакрачевски | 156 евра |
Маријана Кацарска Могилевска | 646 евра |
Марија Ваневска | 963 евра |
Горан Манолјов | 1,137 евра |
Според податоците до кои дојде www.pari.com.mk , а кои КИРСМ сакаше да ги скрие од јавноста и одбиваше да ги даде, иако им беа побарани пред четири дена, извршители со најлоши резултати се Благоја Бакрачевски, Маријана Кацарска Могилевска, Марија Ваневска и Горан Манолјов. Манојлов прехлани беше загубар, а во 2022 година има добивка од 1.140 евра.