Дигиталните киосци на Комерцијална банка АД Скопје од 02.11.2020 година, ви овозможуваат нова бесплатна услуга – плаќање на сметките од А1. Секој што поседува картичка од која било банка може да ги плати сметките од А1 без провизија на дигиталните киосци во Дигиталната експозитура на ул. Македонија и во реновираната експозитура Бисер во Скопје.
Оваа услуга е веќе достапна за сметките од ЕВН, БЕГ, Телеком и Телекабел. Корисникот сам, воден од апликацијата која му се прикажува на екранот, може во реално време да ја плати сметката со картичка на вградениот POS терминал за што добива печатена потврда. Секако, целата постапка повторно е без надомест или провизија, без оглед од која банка е издадена картичката.
Банката во овие експозитури нуди и низа други привилегии што ги овозможува дигиталното банкарство, како што се подигнување или внесување готовина преку банкомат, замена на евра во денари и печатење извод од трансакциска сметка за физички лица со претплата на Интернет банка.
Бидете ефикасни и безбедни во дигиталните експозитури на Комерцијална банка 24 часа кој било ден од годината.