ПОВЕЌЕ

    Кинеските компании тргнуваат во глобален поход, соочени со потешкотии дома

    Време зa читање: 5 минути

    Некои кинески потрошувачки брендови бараат раст во странство, на пазари како САД и Југоисточна Азија. Miniso, продавач на ефтини играчки и производи за домаќинство со седиште во Гуангдонг.отвори водечка продавница во СоХо во Њујорк во февруари. Бруто вредноста на стоката на продавницата – мерка за продажба со текот на времето – изнесува околу 500.000 долари месечно, со 1 милион долари месечно веројатно до декември, изјави основачот и извршен директор Џек Је за CNBC кон крајот на јуни.

    Што е уште поважно, тој рече дека за продавниците со директно управување во Соединетите Американски Држави, бруто профитната маржа на Miniso е многу над 50%. Целта на оваа кинеска компанија е да стане првиот продавач на мало на стока која се рекламира со слоганот  „За $10 и помалку“ ширум светот.

    Продавниците на Miniso почнаа да се појавуваат во континентална Кина пред речиси 10 години, а експанзијата во странство започна во 2015 година во Сингапур. Заклучно со март, компанијата рече дека 37% од нејзините 5.113 продавници се во странство.

    ПОРАСТ НАДВОР ОД КИНА

    Како и многу кинески бизниси, Miniso забележа пад на продажбата за време на пандемијата. Повеќе од две третини од приходите сè уште доаѓаат од Кина. Но, во последните неколку месеци, податоците покажаа релативно брз пикап на меѓународно ниво наспроти домашно, како резултат на различните ефекти на пандемијата.

    Продажбата на мало во Кина заостанува уште од почетокот на пандемијата во 2020 година. Падот на пазарот на домување не помогна. Склоноста на локалното население да штедат, наместо да трошат или инвестираат, се искачи на највисоко ниво во последните 20 години, според анкетите на Народната банка на Кина. „Кинеските компании кои се прошируваат на прекуокеанските пазари ќе бидат главен тренд напред“, рече Чарли Чен, раководител на истражување на потрошувачите во China Renaissance. „Кина всушност влезе во релативно богата фаза со релативно висок БДП по глава на жител“.

    Тој истакна дека за производи како клима уредите, пенетрацијата кај руралните домаќинства била 73,8% во 2020 година – и уште поголема, 149,6% во урбаните средини. China Renaissance очекува дека тие стапки на пенетрација ќе се зголемуваат постојано во следните неколку години. „Има многу мал зголемен обем или зголемена побарувачка што може да се создаде во Кина за краток временски период“, рече Чен. „За овие компании за климатизери, апарати за домаќинство, каде што можат да добијат повеќе приходи, тоа е во странство“.

    Во Југоисточна Азија, клима уредите имаат стапка на пенетрација во домаќинствата од 15%, според Меѓународната агенција за енергија.

    Компаниите за апарати за домаќинство Midea, Hisense и Haier Smart Home се наметнаа на пазарите надвор од Кина во последните неколку години. Хајер дури ја купи единицата за апарати на General Electric за 5,4 милијарди долари во 2016 година. Целта на Hisense е до 2025 година, прекуокеанските пазари да генерираат половина од вкупниот приход.

    Тие компании забележуваат силен раст во странство, ако не и побрзо отколку во Кина. „Дефинитивно, ако кинеските компании сакаат да влезат на прекуокеанските пазари, тие треба да го изградат својот бренд, треба да се борат со постоечките конкуренти“, рече Чен. „Трошоците нема да бидат ниски. На почетокот тие не би биле профитабилни. Но, тие инвестираат“.

    Ако кинеските бизниси можат да го изградат својот бренд во странство, тие можат да се натпреваруваат со пониски продажни цени бидејќи поседуваат или работат директно со фабрики во Кина. Тоа им помогна на компаниите како Shein (трговија со ефтина облека која направи бум во САД од почетокот на 2021) да станат меѓународен гигант за е-трговија.

    Стратегијата на Miniso во САД е комбинирање на мрежата на синџирот на снабдување на компанијата во Кина со работата на дизајнерите од Њујорк – така што производите можат да одат од дизајн до полиците на продавниците за околу три месеци. Тоа е многу побрзо од вообичаениот пат – доколку дизајнерската фирма треба да најде свои фабрики, процес обично трае шест месеци, па дури и една година.

    ГЛОБАЛНО УСПЕШНИ

    И други кинески компании продолжија со експанзија во странство и покрај ограничувањата за патување со Ковид. Ант Груп, филијалата на Алибаба за финансиско работење, во јуни објави дека отворила дигитална банка за големопродажба во Сингапур, откако добила одобрение од Монетарната управа на Сингапур.

    Исто така, во јуни, компанијата за играчки Поп Март, која е на листата на Хонг Конг, го тестираше пазарот на САД со отворање на својата прва привремена локација во близина на Лос Анџелес. Компанијата продава комплети фигури за колекционерски играчки – во необележани кутии. Тоа значи дека клиентот може да добие нова играчка за да ја додаде во колекцијата, или истата играчка како што купувачот веќе ја купил.

    Како и Miniso, продавниците на Pop Mart станаа вообичаени во сите кинески трговски центри. Има дури и продавница на Pop Mart во Universal Pekin Resort.

    Но, од деловни или геополитички причини, многу кинески бизниси не нашле успех во странство. Пример е неуспехот на ZTE да го прошири својот бизнис со паметни телефони во Америка по американските санкции.

    Планетарно успешни компании како што е компанијата за кратки видео TikTok, во сопственост на ByteDance со седиште во Пекинг, се под притисок на американската влада поради загриженоста за безбедноста на податоците.

    Извештајот на CNBC за кинеските технолошки компании откри дека кинеската деловната култура што се прелеа и во бизнисот во странство, а која често вклучува исклучива употреба на мандаринскиот јазик и долги работни часови, честопати ги обесхрабруваше локалните вработени да останат. Но, без разлика дали се работи за електрични автомобили или домашни апарати, разговорите со многу кинески бизниси откриваат длабоко вкоренета, но нејасна амбиција што не е поколеблива од пандемијата: да се стане глобална компанија.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично