ПОВЕЌЕ

    Ќе поскапи ли картата на ЈСП и повторно парното, откако Макпетрол ја зголеми цената на природниот гас за 120%?!

    Време зa читање: 3 минути

    Ќе поскапи ли јавниот превоз во Скопје, откако Макпетрол од вчера ја зголеми цената на природниот гас на кој возат автобусите на ЈСП, за дури 120 проценти. Природниот гас кој се смета за еколошко гориво со поскапувањето се зголеми на 110 денари за кг/цнг, додека претходно чинеше 50 денари. Токму зголемувањето на цената на природниот гас чија основна состојка 98% е метан е и темата на денешниот брифинг на ЈСП со новинарите, информираат од претпријатието. Доколку ЈСП се одлучи да предложи повисоки цени за јавниот автобуски превоз крајната одлука ја носи Советот на Град Скопје. Сепак, детали од ЈСП најавија по брифингот.

    Освен јавниот превоз, најмногу засегнати од поскапувањето на земјениот гас се и топланите. Ќе значи ли тоа по новогодишното поскапување на парното греење, топланите кои работат на природен гас дека ќе побараат уште едно зголемување на сметките за парно греење? Од јануари со последната корекција парното веќе поскапе за 14,05 проценти.

    Според професорот во пензија од Машински факултет, Миле Димитровски околу 100-ина возила во земјава возат на природен гас. Полнилници за природен гас има кај Букурештка болница на бензинската на Макпетрол, во Влае и Куманово.

    -Искуството покажа дека кога расте цената на парното, кое се смета за еколошко греење, граѓаните најчесто се одлучуваат да се исклучат од централниот систем наместо да плаќаат повисоки сметки. Ова го очекувам и сега.Што се однесува до дел од компаниите кои го користат природниот гас тоа се топланите, порано делумно имаше приклучоци кај Железара, на гас приклучок има и производство на Алкалоид тие најчето имаат алтернатива, дел можат да се префрлат да работат на мазут ако им е поисплатливо, вели Димитровски.

    Единствена компанија која го снабдува македонскиот пазар со овој енергенс/погонско гориво и која што го нуди на своите бензински пумпи е Макпетрол АД Скопје. Од неодамна од последниот квартал компанијата Окта АД Скопје го понуди овој енергенс во малопродажба на една од своите бензински пумпи, но со директна ценовна зависност од ценовната политика на Макпетрол АД Скопје имајќи го предвид фактот дека ја снабдува својата пумпа преку набавка на ЦНГ директно од Макпетрол.

    Дел од компаниите веќе бараат Владата да се вклучи во заштита на компаниите кои го користат метанот и тоа со замрзнување на цените на ниво од 12.2021 година или субвенционирањето на ценовната разлика за компаниите.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично