ПОВЕЌЕ

    Калтрина Вејсели, Саима Демировска и Весна Соларска Ангеловска од Шпаркасе ги добија наградите за најдобри банкарски службеници за 2024

    Време зa читање: 3 минути

    По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во организација на Македонската банкарска асоцијација им беа доделени признанија на најдобрите банкарски службеници за 2024 – Калтрина Вејсели, Саима Демировска и Весна Соларска Ангеловска од Шпаркасе банка за нивната посветена работа и остварени резултати.

    За да си најдобар во својата професија, треба да ја сакаш работата и да го сакаш своето работно место. Особено важно е реализација на целите во работа да ти дава задоволство. Благодарна сум на Шпаркасе Банка, мојот тим, соработниците и клиентите, сите тие имаат голема улога во мојот успех – вели за порталот Пари Калтрина Вејсели, соработник за корпоративни клиенти во Шпаркасе Банка, регион Северозапад, експозитура Тетово.

    Таа додава дека наградата е мотивација за поголеми успеси и воедно голема чест за препознавање на квалитетот на банката.

    Наградата е огромно признание за целиот труд, посветеност и залагање во работата што ја извршуваме секојдневно и претставува силна мотивација да продолжам да се развивам и да придонесувам за зацврстување на стандардите во професијата. Верувам дека нашите достигнувања ќе бидат инспирација и за другите, затоа што за мене, ова признание не е само личен успех, туку и успех на целиот тим – изјави Саима Демировска, соработник за односи со население во Шпаркасе Банка, експозитура Кичево.

    Според неа, заедничката работа, поддршка и постојаната мотивација, се клучни за постигнување на врвни резултати и додава дека е среќна што има можност да бидам дел од тимот на оваа банка.

    Годините поминати во банкарскиот сектор за мене се секојдневен предизвик. Да се биде најдобар банкарски службеник за 2024 во Шпаркасе Банка за мене е огромна чест, задоволство и уште поголем поттик за идни успеси. Оваа моја награда нека бидне мотив за сите колеги, дека со многу труд, посветеност и трпение, може да се постигне се – изјави Весна Соларска Ангеловска, благајник во Шпаркасе Банка, експозитура Куманово.

    Ивана Петревска, директорка на Дирекција за маркетинг и комуникации во Шпаркасе Банка вели дека е особено горда на успесите на тимот, бидејќи покрај тоа што овие признанија се потврда за нивните заеднички напори во унапредувањето на процесите и подобрување на нивното работење, особено се горди што имаат такви талентирани и посветени професионалци во нивниот тим.

    Им упатуваме искрени честитки и голема благодарност за нивниот придонес. Сите заедно, продолжуваме да работиме на создавање подобра иднина за нашите клиенти и врвно корисничко искуство секој ден – нагласува Петревска.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично