Светската пандемија педизвикана од COVID 19 има силни економски последици врз глобалната економија, а следствено на тоа и врз македонската економија.
Народна банка и Владата на РСМ донесоа повеќе мерки во насока на ублажување на последиците од пандемијата врз финансискиот систем во државата. Согласно новонастанатата ситуација со COVID-19, НБРСМ донесе Одлука за изменување и дополнување на одлуката за методологијата за управување со кредитниот ризик со цел олабавување на условите при преземање и мерење на кредитниот ризик, во времетраење на вонредната состојба, предизвикана од COVID-19.
Банката ги следи економските трендови во националната, регионалната и глобалната економија со цел да се здобие со корисни информации во процесот на донесување на соодветни деловни одлуки.
Својата активност во 2020 година, Банката ќе ја остварува во значително изменети макроекономски услови во однос на првичните проекциите на раст на домашната економија предвидени со финансискиот план за 2020 година.
Следствено на тоа, Банката ќе ги преземе сите неопходни мерки и активности за прилагодување на своето работење на новонастанатите состојби, со корегирање на финансиските планови за 2020 година, пред се водејќи сметка за одржување на квалитетот на кредитното портфолио и изнаоѓање на флексибилни решенија согласно потребите и барањата на клиентите кои се најзасегнати со последиците од здравствената и економската криза.