ПОВЕЌЕ

    Како сработи Реплек во време на пандемија?

    Време зa читање: 2 минути

    Реплек АД Скопје во периодот од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2020 година оствари неконсолидирана добивка пред оданочување во износ од МКД 102.862 илјади и бележи зголемување од 28% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат зголемување од 22% во однос на истиот период минатата година. Остварената добивка пред оданочување во најголем дел произлегува од евидентираните приходи од вложувања во поврзаните субјекти во износ од МКД 108.000 илјади, од остварениот резултат во 2019 година.

    Консолидираната оперативна добивка за периодот од 1 јануари 2020 година до 31 декември 2020 година на Реплек АД Скопје изнесува МКД 184.976 илјади. Оперативните приходи изнесуваат 1.285.621 илјади денари и се зголемени за 15%, а оперативните расходи изнесуваат 1.139.238 илјади денари и бележат зголемување за 16% во однос на истиот период претходната година. Приходите од продажба на странски пазар имаат учество од 69% во вкупните приходи од продажба (2019: 60%) и имаат зголемување од 38% во однос на истиот период минатата година. Приходите од продажба на домашен пазар имаат учество од 31% во вкупните приходи од продажба (2019: 40%) и имаат намалување од 9% во однос на истиот период минатата година. Консолидираната добивка пред оданочување изнесува МКД 182.838 илјади и е зголемена за 21% во однос на истиот период минатата година.

    Реплек АД Скопје во текот на 2020 година има исплатено дивиденди и даноци за исплатените дивиденди во вкупен износ од МКД 108.029 илјади денари, односно исплата на дивиденда во нето износ од 3.751 денари по акција.

    Реплек АД Скопје во текот на 2020 година има приливи од дивиденда од придружени друштва во износ од МКД 108.000 илјади.

    Во поединечните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година кредитното задолжување е зголемено за 48.647 илјади денари, односно на 31 декември 2020 година изнесува 79.397 илјади денари (на 31 декември 2019 година изнесува 30.750 илјади денари). Во консолидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2020 до 31.12.2020 година кредитното задолжување е зголемено за 94.421 илјади денари, односно на 31 декември 2020 година изнесува 199.048 илјади денари (на 31 декември 2019 година изнесува 104.627 илјади денари).

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично