ПОВЕЌЕ

    Како до правата одлука?

    Време зa читање: 4 минути

    Не еднаш, милион пати сум се прашувал дали ја донесов правата одлука. Но она што сум го заклучил е дека за ниедна одлука се немам покајано што сум ја донел и мислам дека истата била исправна за тој момент. И никогаш не сум си рекол: еј што убаво ќе беше да го направам другоно, наспроти ова.

    Но, сето тоа е ОК и секој од нас може да дојде до тој момент, но како?

    • Емоции – емоциите и крупните одлуки не треба да се мешаат и не одат заедно. Тие или мотивираат на забрзување на процесот или го забавуваат до тој степен, така што на крај не се донесе никаква одлука. Мора да се исклучат емоциите од целиот овој процес. Она што може да ве советувам кога мора да вклучите емоции е да инволвирате (релевантна) надворешна личност која може да ви помогне во донесувањето на одлуката.
    • Структурирање – потребно е структурирано делување за да може да се донесе правилна одлука. Целата ситуација треба да ја доведете на ниво разбирливо за вас (ако се работи за вас) или за групата, споделување и на крај донесување на одлука. Секое неструктурирано дејствување може да биде погубно за донесување на правилна одлука.
    • Фокус – немојте да се фокусирате на тоа дали проблемот е дефиниран како позитивен или негативен затоа што истражувањата покажуваат дека таквиот фокус дава можност за различна одлука. Една е одлуката, ако се фокусирате на тоа дека проблемот е позитивен, а друга е ако сте фокусирани дека е негативен. Тргнете го на страна проблемот (неговата дефиниција) и најдете решенија. Потоа почнете да ги сегментирате решенијата во однос на тоа дали имаат позитивен или негативен импакт, кои се последиците итн., за да дојдете до едно и единствено решение.Замки – секое решение може да има некоја замка за која мора да бидете свесни. За да дојдете до правото решение, мора да сте свесни и за тоа, на крајот на денот, да не упаднете во некоја замка, односно, сте донеле правилна одлука и на крај испаѓа дека уште поголема беља. За да не западнете во замка, во зависност од проблемот, најдобро е да организирате група на луѓе, зависно од големината на проблемот, кои ќе може да дадат инфо и помош од нивната експертиза, па со тоа го намалувате ризикот од можна замка на крајот.
    • Враќање назад – намалете ја можноста и обичајот да ги враќате одлуките назад и да се преиспитувате. Само доколку донесувањето на одлуките го засновате на искуство, практична и теоретска опсервација и пристап, ја намалувате можноста за враќање на одлуките. Да знаете, враќање на одлуките ве прави „мал” и несигурен во очите на другите, а и самите вие станувате несигурни! затоа
    •  Учете од претходните одлуки – секој донесена одлука е важна за себе. Од секоја донесете одлука учете како побрзо да ги донесувате, методологијата, изборот на тимот, начинот на изборот и сè што треба за побргу и поефикасно донесување на одлуките

    На крајот на денот, донесување одлуки дава живот на акциите после тоа, односно одлуките што ги носиме денес, влијаат на иднината! Затоа, бидете внимателни при нивното донесување, гледајте секогаш да се правилни и добри не само за вас, туку и за поголема група луѓе!!

    „Tip of the Week“ се авторски текстови што се објавуваат на www.pari.com.mk во соработка со www.tipoftheweek.co обработуваат теми од секојдневниот живот коишто помогат да го подобрите вашето лично и професионално работење. Како сублимат на првите 100 совети издадени се единствените прирачници за личен и професионален развој:

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично