Јакоб Фугер, роден на 6 март 1459 година, бил германски рударски претприемач и банкар и бил еден од најбогатите луѓе во историјата. Неговото влијание во кралските кругови било присутно долги години по неговата смрт и иако тој не бил основач на германската трговска и банкарска династија што го носеше неговото име, Фугер имал голем број на профитабилни финансиски договори со Римската империја што му даде земјиште, како и профитабилни отстапки во рударството и трговијата.
Кога умрел, на 30 декември 1525 година, вредноста на Фугер била 221 милијарди долари (во денешна валута). Па, како Јакоб Фугер собра толку многу богатство и што можат младите да научат од него?
1. Немој да мислиш дека си премногу млад
Јаков Фугер бил најмладиот во неговата фамилија, а неговиот постар брат Улрих го презел семејниот бизнис. Сепак, на 14-годишна возраст, Фугер веќе го претставуваше својот семеен бизнис во Венеција. Своето образование го започнал на иста возраст кога престојувал како приправник во Фондаско деи Тедески, куќата на германски трговец во Венеција помеѓу 1473 и 1487 година, каде што научил за банкарството и трговијато со метали.
Како млад човек, Фугер се занимавал со трговија со вредни зачини, снабдувани од Азија со висока цена што ја продавал на големо на богатите семејства во Европа. Фугер исто така ја искористил контролата на неговото семејство врз рудниците во централна Европа за да го монополизира пазарот на бакар. Со профитот од овие операции, тој започнал да им позајмува пари на кралевите, на членови на благородништвото, и на црквата. Лекција за младите. Ако имате сон, започнете што е можно поскоро. Може да имате 50-годишен мозок во 15-годишно тело.
2. Биди паметен и иновативен
Фугер знаел дека е исклучително умен човек и тој бил познат по неговата способност да собира големи суми на пари. Неговите позајмувачи никогаш не ги сакале неговите услови за заеми, но тие обично останувале без избор, така што тој им бил неопходен. Фугер ја разбрал и вредноста на добрите информации. Токму тој прв ја создал светската служба за вести, „Фугер билтени“ и ја искористил за да дознава за важни вести и случувања пред другите.
Некаде помеѓу 1507 и 1514 година, царот Максимилијан (дедото на Чарлс V) еднаш му кажал на Фугер, дека Хенри VII му испратил злато како колатерал за заем за борба против Французите. Фугер, како паметен човек, го одбил договорот, бидејќи неговите шпиони во Англија го известиле дека бродовите никогаш не го напуштиле пристаништето. Кога еден италијанец го измислил сметководство со двоен влез, (кој е моментално користениот облик на сметководство) во 1494 година, Фугер бил меѓу првите во Европа што почнал да го користи како систем.
Тој го унапредил занаетот со создавање на консолидиран биланс на состојба за неговите многубројни бизниси. Тој исто така бил првиот што испратил ревизори на теренот за да ги проверат активностите во рамките на филијалата. Овој метод го држел чекор пред другите. Лекција за младите. Бидете сигурни дека секогаш сте во чекор со тековните информации. Светот денес е уште поповолен за младите луѓе затоа што вие сте родени во ерата на технологијата. Истражувајте, измислувајте и создавајте. Бидете иновативни во вашите идеали и оставете ги овие иновации да ве направат богат.
3. Развиј значајни врски
Во 1498 година Фугер се оженил со ќерка на еминентен човек од Аугсбург, Сибила. Тие не можеле да имаат деца, но овој брак му даде можност да има седиште во градскиот совет (Стадрат) во Аугсбург. Подоцна Фугер изградил голем број на конекции со царството на благородништвото на Римската империја. Лекција: врските што ги правите имаат потенцијал да ве одведат на вистоки места и да го отворат патот за поголем успех. Не можете да имате значајна вредност ако немате значајни мрежи.
4. Биди лојален на оние што можат да ти помогнат
Фугер бил поддржан од кралското семејство од 1489 година, кога за прв пат се запознал со Максимилијан Први, кој во тоа време бил ко-регент на Светото римско царство. Кога таткото на Максимилијан починал во 1493 година и тој станал владетел, постојаните финансиски тешкотии со кои се соочил поради неговиот екстравагантен начин на живот и неуспешните политички проекти биле неутрализирани од Фугер кој финансирал поволни брачни аранжмани со кралствата на Шпанија, Бохемија и Унгарија.
Оваа лојалност кон куќата на Хабсбург му ја донесе титулата Империјал Гроф во 1514 година, позиција што му овозможи пристап до повеќе богатство. Лекција за младите. Можеби сте ја чуле оваа изрека од Колин Пауел, „Успехот е резултат на совршенство, напорна работа, учење од неуспех, лојалност и упорност“. Успехот секогаш следи активности на лојалност. Бидете лојални на оние кои имаат моќ позитивно да влијаат на вашиот живот и ќе увидите дека лојалноста се наградува на начини што ве прави успешни.
5. Дај му сè на општеството
Во 1523 година, 52 куќи влегле во проектот наречен Фуџереи, кој секако, ги изградил Фугер. Фуџереи е најстарото социјално домување што сè уште е во употреба и била првата социјална населба во светот. Изградено е за да се сместат две семејства, и секое од нив да се состои од луѓе кои биле во тешки ситуации.
Денес околу 150 луѓе живеат во Фуџереи, а годишната закупнина е еднаква на 0,88€. Лекција за младите. Општеството игра важна улога во вашата успешна приказна, така што враќањето на вредноста на општеството е еднакво на плаќање долг. Тоа е многу важно. Фугер дефинитивно размислувал за општеството кога започнал да го гради Фуџереи.
Повеќето луѓе го паметат токму поради ова. Тоа е наследство што го оставил зад себе. Луѓето можеби не ве паметат како успешна личност, но таа мала работа што ќе ја направите за општеството ќе го испечати вашето име во срцата на многумина, дури и во наредните генерации. Како заклучок, ако сте млада личност и сакате да бидете успешни и богати во животот:
- Никогаш не гледај само за себе.
- Немој да мислиш дека си млад и дека неможеш да си ги остваруваш своите соништа.
- Биди паметен и креативен. Размислувај длабоко. Биди статус кво предизвикувач.
- Остани лојални на оние што ќе ти помогнат да ги оствариш соништата.