ПОВЕЌЕ

    Изгор цени на становите во Хрватска, странците “креваат рачна“?

    Време зa читање: 3 минути

    Цените на становите во најомилените туристички дестинации во Хрватска се се повисоки, а купувачите, кои многу често се странци, се поретко се одлучуваат да платат. Во приморскиот град Опатија, кој важи за една од најелитните туристички дестинации во Хрватска, цените на становите во просек пораснале на повеќе од 5.000 евра за метар квадратен. Втор најскап хрватски град за купување стан е Дубровник, каде просечната цена на метар квадратен е нешто пониска од оваа сума.

    Најскап град во континенталниот дел на Хрватска и натаму е Загреб, со просечна цена за квадрат во огласите од 2.973 евра, а цените во Загреб се зголемени за 0,2 отсто во однос на октомври, пренесува Пословни дневник, повикувајќи се на анализите за цените на становите. од домашната веб-страница за недвижен имот.

    Во градовите како Осиек и Славонски Брод, просечната цена на метар квадратен во ноември изнесувала 1.822, односно 1.836 евра. Меѓу поевтините хрватски градови е Карловац, каде што е можно да се купи недвижен имот по просечна цена од 1.355 евра за метар квадратен.

    Сепак, странците, по се изгледа, почнале да „креваат рачна“ кога е во прашање хрватскиот пазар на недвижности, пишува хрватски Пословни дневник. Според податоците на Даночната управа, до средината на декември 2023 година, странците купиле четвртина помалку недвижен имот во Хрватска отколку во 2022 година.

    Лани 9.515 странци решиле да инвестираат во недвижности во Хрватска, додека годинава бројот на странски купувачи паднал под 7.400! Тоа се претежно куќи и станови покрај море кои новите сопственици ги користат за сопствен одмор, но често и за кирија и дополнителни приходи.

    Странските купувачи на недвижности најчесто доаѓаат од Германија, Словенија, Австрија и од Чешка и Словачка. За многумина, инвестирањето во Хрватска е добра инвестиција бидејќи нуди солидна добивка од разликата во цената доколку решат да препродаваат, но она што го купиле им овозможува и тековен прилив на капитал доколку почнат да изнајмуваат.

    Внимателноста на странските купувачи произлезе пред се од економската состојба во матичните земји, а дури тогаш беше последица на поскапувањето на недвижностите во Хрватска, кое не запира ниту годинава. Од 2015 година до денес, цените на недвижностите во многу делови од земјата се двојно зголемени.

    Просечните цени на новите продадени станови во Загреб во првиот дел од годинава надминаа 2.600 евра за метар квадратен, а цените се слични и долж јадранскиот брег, ако не и повисоки, но квадрат во Кварнер, Истра, Далмација или Загреб сè уште е поевтино отколку во многу западноевропски градови, нагласува Пословни.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично