ПОВЕЌЕ

    Издадена нова државна обврзница: Задолжување на „ситно“ – од 17,4 милиони евра

    Време зa читање: < 1 минутa

    Емитувана е нова 15-годишна државна обврзница без девизна клаузула, која од денес котира на официјалниот пазар, на подсегментот берзанска котација. Вредноста на емисијата е 1.072.460.000 денари, односно 17,4 милиони евра. Носи камата од шест проценти.

    Емисијата се состои од 107.246 обврзници со номинална вредност од 10.000 денари. Државата ги издала на 11 месецов, па рокот за достасување е 11 јануари 2039 година.

    Од почетокот на годинава ова е второ задолжување на домашен терен, по пат на обврзници. На првиот работен ден, втори јануари, беа издадени две државни обврзници со вкупна вредност од речиси 189 милиони евра. Со нив се тргува од 10 јануари. Последнава, засега, е издадена еден ден потоа.

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично