ПОВЕЌЕ

    ,,ПАРИ” АНАЛИЗА: Којa банка ја избрале новооснованите компании во трет квартал?!

    Време зa читање: 3 минути

    Во неколку наврати ги имаме анализирано новооснованите компании преку нивниот избор за примарна банка, а денес продолжуваме со оваа категорија и тоа сегментирано само за третиот квартал од 2021 година. Извештаите кои се генерирани од платформата за бонитетни податоци на Бизнисмрежа.мк ќе бидат основа за извлекување на клучните елементи и анализирање на способноста на банките да апсорбираат дел од пазарот. Исто така, во оваа анализа ќе се осврнеме и на поединечни градови со цел да видиме дали трендот е генерален и дали се одвива процес на хармонизација на процесите.

    Депонент банкаВкупно субјекти
    Халк Банка АД Скопје318
    НЛБ Банка АД Скопје300
    Комерцијална Банка АД Скопје277
    Стопанска Банка АД Скопје212
    УНИ Банка АД Скопје82
    Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје80
    ТТК Банка АД Скопје52
    Стопанска Банка АД Битола26
    Прокредит Банка АД Скопје25
    Силк Роад Банка АД Скопје23
    Централна Кооперативна банка АД Скопје23
    Капитал Банка АД Скопје3
    Охридска Банка АД Скопје1
    Непознато242
    Вкупно1664

    Од горната табела може да се забележи дека во третиот квартал во Македонија се отворени 1.664 нови компании, при што распределбата по основ на банки претежно се сведува на големата четворка: Халк Банка, НЛБ Банка, Комерцијална Банка и Стопанска Банка АД Скопје. Овие 4 банки заземаат 2/3 од пазарот, или 66.4% од новооснованите компании во трет квартал се одлучиле за соработка со најголемите банки во Македонија. Притоа лидер во привлекување нови компании , на ниво на Македонија е Халк Банка со 19.1%.

    Депонент банкаВкупно субјекти
    Халк Банка АД Скопје19.1%
    НЛБ Банка АД Скопје18%
    Комерцијална Банка АД Скопје16.6%
    Стопанска Банка АД Скопје12.7%

    Од аспект на поединечни градови најголема активност, однос најмногу новоосновани компании има во Скопје, додека во топ 5 градови се уште Битола, Охрид, Тетово и Гостивар.

    Депонент банкаВкупно субјекти
    Скопје713
    Тетово87
    Битола77
    Охрид66
    Гостивар58

    Поединечно, внатре во секој град, постојат големи разлики во изборот на банка. Имено, во Скопје изборот паѓа врз Комерцијална Банка и Халк Банка кои привлекле по 144 нови компании. Во Битола трендот е 19 од новите компании да соработуваат со НЛБ Банка, додека во Тетово, мнозинството на новите компании (24) ја избрале Стопанска Банка Скопје. Од друга страна Халк Банка има доминантна позиција во Гостивар и Охрид, каде својата партиципација ја исполнуваат со 17 и 15 компании соодветно.

    Депонент банкаВкупно субјектиБрој на субјекти во банка
    СкопјеКомерцијална Банка и Халк Банка144
    ТетовоСтопанска Банка Скопје24
    БитолаНЛБ Банка19
    ГостиварХалк Банка17
    ОхридХалк Банка15

    Во другите поголеми градови како Куманово, Кавадарци и Прилеп компаниите се насочени кон Стопанска Банка Скопје и Комерцијална Банка.

    Ваквата шареноликост е добар показател за успешноста на банките стратешки да го позиционираат својот бренд и да генерираат нови бизнис можности за cross sale кампањи. Генералниот заклучок е дека новите компании својата доверба им ја даваат на најуспешните банки по основ на профитабилност, како и на банките кои имаат најголема актива. Се разбира, за почит се и останатите банки од типот на Шпаркасе Банка и УНИ Банка кои полека но стабилно и значително пенетрираат со својот удел во вкупната распределба на “пленот”. Меѓутоа, чувството за стабилен партнер низ бурните времиња на стартап компаниите е од исклучителна важност во процесот на избор на банка, а големите банки имаат капацитет, инфраструктура и напредни технологии да ги сервисирааат и најпребирливите клиенти.

    Редакција Пари

    14,794Следи нè на facebookЛајк

    слично